На Италија ѝ се заканува демографска катастрофа, стана втора најстара држава во светот

Италијанската популистичка влада се надева дека во последен момент ќе ги избегне казнените мерки на Европската Унија поради разузданиот буџет, но на Италија ѝ се заканува многу поголем проблем.

Со рекордно ниска стапка на наталитетот и голем број млади кои се невработени или се селат во странство, Италија стана „држава која ги заборава младите“, вели Алесандро Росина, професор по демографија на Католичкиот универзитетот во Милано.

„Италија во 21 век најмногу ја опишува начинот на кој младите генерации пропаѓаат и тоа до ниво кое не е само загрижувачко, туку и срамно“, напиша Росина за дневниот весник Ла Република.

Користејќи ги неодамна објавените официјални податоци кои покажуваат дека стапката на наталитет паднала на ново историски ниско ниво, Росина пресметал дека Италија е единствената држава во Европа во која има повеќе жители постари од 80 години од новородените.

Државата има и рекордно ниво на млади луѓе кои не се образуваат, не се обучуваат и не се вработени. Минатата година во Италија ги имало 29,5 отсто, во однос на просекот на ЕУ од 17,2 отсто.

Во последните десет години тројно се зголеми бројот на Италијанци кои се отселиле од државата, од 36 на 115 илјади, покажуваат податоците кои минатата година ги објави Државниот завод за статистика (Истат). Меѓу тие 115 илјади, речиси 25 илјади се со факултетско образование.

Бизнис лобито Конфиндустрија во септември 2017 пресматело дека заминувањето на младите генерации во странство ќе го намали економскиот раст за еден процентен бод годишно.

„Ова е вонредна состојба“, истакна тогаш главниот економист Лука Паолаци.

Истат во мај објави дека Италија е „втората најстара држава во светот“ по Јапонија, со речиси 1,7 пензионери на секој млад човек. Тој сооднос во следните 20 години би можел да се зголеми на 2,65.

Тоа е показател на сѐ поголемиот италијански „демографски долг“ кој на идните генерации ќе им го донесе товарот на поголемите трошоци на пензиите, здравствениот и социјалниот систем поради меѓугенерациската нерамнотежа која ќе сстане „сѐ поакутна“, предупреди Истат.

Повеќето економисти истакнуваат дека сопирањето на тие трендови е клучно за борбата против тврдоглаво спориот италијански економски раст и ниската продуктивност, но прашање е дали буџетот на новата влада со висок дефицит ќе го даде вистинскиот одговор.

Росина во друг напис за Република кажа дека на Италија ѝ е потребна „промена на парадигмата“ за да се поттикнат мерки за семејствата и младите. Како пример ја неве Германија, држава која успеа во борбата против нискиот наталитет.

Но главниот фокус на буџетот на италијанската владејачка коалиција, составена од крајно десната Лига и популистичкото Движење на пет ѕвезди, е на основниот доход за сиромашните и намалувањето на возраста за пензионирање.

Основниот доход би можел да им помогне на младите, бидејќи непропорционел дел од нив имаат ниски примања или се невработени, но економистите се скептични околу одлуката со која ќе се зголеми бројот на пензионерите.

Потпретседателот на владата Матео Салвини, лидерот на Лига, е главниот заговорник на пензиската реформа бидејќи е иверен дека со раното пензионирање би се ослободиле работни места за младите Италијанци.

Тоа тврдење во својот извештај за Италија го отфрли Меѓународниот монетарен фонд. „Врз основа на искуствата од други држави, не е веројатно дека бран пензионирања ќе создаде многу работни места за младите“, истакна ММФ.

Поради сето тоа проблемите со италијанскиот буџет кој во моментов е на проверка во Европската Унија не е само во тоа што не ги почитува правилата на еврозоната за долгот и дефицитот, туку и за насоката на зголемената потрошувачка.

Симоне Феро, 30-годишен докторант на лондонскиот универзитет Квин Мери, на блог за економија италијанскиот буџет го нарече „подарок“ за постарите генерации и „понатамошна редистрибуција на богатството на товар на младите“.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе