На Европската Унија не ѝ треба друга Ангела Меркел

По парламентарните избори на 26 септември, кога Ангела Меркел по 16 години дефинитивно нема повеќе да биде германска канцеларка, Европската Унија ќе се прости со претседателката на влада со најдолг стаж.

EPA-EFE

Меркел веќе долго е важен актер на сцената на ЕУ. Доживеа длабоки кризи и ги совладуваше. Таа придонесе на тоа Европската Унија во тешките времиња да остане заедно. Сепак, германската канцеларка секогаш дејствуваше во интерес на ЕУ – но често дури откако, колку што можеше, избегнуваше да донесе одлука. Не случајно поимот „да се меркелува“ (merkeln) беше избран за збор на годината меѓу младите во 2015, пишува Дојче веле.

Меркел секогаш беше сигурна заговорничка на вредностите на ЕУ, но сепак премногу често се колебаше и попушташе дури кога повеќе не остануваше друга можност. Многу од тие одлуки беа спорни, но храбри.

За време на финансиската криза во еврозоната и Грција, Меркел се спротивстави на својата партија ЦДУ фиксирана на догмата на буџетската дисциплина, како и расположението меѓу германското население, сè за да ја спаси Грција. Пред тоа решително тврдеше дека таков чекор не доаѓа предвид. И дури кога ЕУ се најде пред финансиски колапс, таа се одлучи на тие мерки.

Острите мерки за штедење во Грција и пакетот за помош на другите погодени земји од Средоземјето, таму беа видени како доказ дека Меркел го наметнува „германскиот начин“, без каква било солидарност во ЕУ. Шпанците, на пример, се жалеа дека Германците и понатаму не летување во Шпанија профитираат од ниските трошоци, додека истовремено Шпанците мора да се борат со штедењето и високата невработеност.

И потоа, кога во 2015 милион сириски азиланти побараа заштита во Европа, Меркел донесе политички храбра и морално исправна одлука – да не ги затвори германските граници. Но и тука всушност само реагираше. Ја донесе одлуката дури кога беше јасно дека обидите за постигнување договор за распределба на контингентот по целата Европска Унија нема да успее и кога преоптеретените членки на ЕУ, на пример Унгарија, пуштија десетици илјади емигранти да одат кон Германија.

На крајот дојде и нејзиното да за „корона-обврзниците“, односно распределбата на долговите на ниво на ЕУ – дури по неколкуте одбивања. Неразбирливо е пред сè тоа што таа на почетокот истрајуваше на своето „не“, и покрај рецесијата која ја предизвика пандемијата.

Меркел секогаш се трудеше да го задржи статус квото – таа е едноставно конзервативна. Не е спремна да направи чекор напред пред да биде турната до ѕид. Но, тој стил повеќе не е доволен. За да се совладаат предизвиците на ЕУ, наследникот или наследничката на Ангела Меркел мора да преземе проактивна, визионерска, водечка улога. Иако некои Германци од историски причини не се чувствуваат добро кога се ставаат во улога на „мотор на европската политика“, сепак мора да се каже дека има разлика меѓу „владеењето“ и „водењето“. Не случајно бројни Европејци Берлин денес го гледаат како свој главен град.

На Европската Унија ѝ е потребен некој кој не е само способен да игра во тимот, туку што може тој тим да го води. Тој или таа мора да биде во состојба активно да се соочи со предизвиците, а не на нив непромислено да реагира. А предизвици има доволно.

Имајќи ја предвид климатската криза, политичкиот врв мора во глобални размери да дејствува храбро.

Недозволивото однесување на Русија бара тип на политичар кој може да предвиди потенцијални конфликти и да се подготви за нив, а не некој кој своите соседи ги остава на цедило поради внатрешните интереси за енергија и геополитичките соништа.

Тежнеењата на Кина за глобално влијание и тензичните трансатлантски односи бараат ЕУ да се постави посилно и понезависно, меѓу другото и придржувајќи се до целите поврзани за трошоците за одбраната.

Освен тоа, пукнатините во ЕУ бараат иновативно и креативно размислување, а тоа подразбира и напуштање на принципот на Меркел за „консензус по секоја цена“. Наследникот или наследничката на Ангела Меркел ќе мора и пострастно да ги „продава“ успесите на ЕУ, за повторно да се придобие довербата и одушевувањето на граѓаните на ЕУ, особено на младата генерација.

Меѓу сомничавите граѓани на ЕУ се и Германците. Едно истражување на институтот Европски совет за надворешни односи од април, се покажало дека повеќе од 45 отсто Германци се амбивалентни кон членството во Европската Унија или дури сметаат дека тоа е лошо. Оној кој ќе ја наследи Ангела Меркел ќе треба да почне активно да ја обликува иднината на ЕУ во својата земја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе