На автократите секогаш некој друг им е виновен

На Ердоган Америка му е виновна за состојбата во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган речиси има монопол врз власта во својата земја, со цврста контрола врз економијата, медиумите и војската. Сепак, овој авторитарен лидер обвинува странски „заговори“ и домашни саботери за кризата на валутата и економските проблеми во земјата, пишува Радио слободна Европа.

Ердоган, кој доминира со турската политика веќе 15 години, прво како премиер, па потоа од 2014 година како претседател, тврди дека драматичниот пад на вредноста на турската лира ја предизвикале „економски терористи на социјалните мрежи“ и „злиот политички заговор“ на Соединетите Држави (НАТО сојузникот на Турција).

Ердогановите провокативни коментари предизвикуваат загриженост, но овој воинствен лидер често прибегнува кон обвинување на други кога е во безизлезна ситуација.

За неуспешниот пуч во 2016 го обвини свштеникот од Америка Фетула Ѓулен, иако тоа не го поткрепи со докази. Потоа спроведе масовна чистка на десетици илјади наводни поддржувачи на Ѓулен во Турција, што борците за човекови права го оценија како изговор за задушување на неистомислениците.

Меѓутоа, Ердоган не е единствениот автократ кој обвинува домашни и странски непријатели за да го сврти вниманието од сопствените несупеси.

Иранскиот врховен лидер, ајатолхаот Али Хамнеи и рускиот претседател Владимир Путин исто така обвинуваат „западни заговори“, петоколонаши и „странски агенти“ за економската и политичка позиција на своите земји.

„На автократите особено им се потребни жртвени јагниња“, вели Гарет Џенкинс, политички аналитичар од Истанбул. „Без оглед дали е тоа некоја странска земја, национално или верско малцинство, тие секогаш наоѓаат некое жртвено јагне за да објаснат зошто нештата тргнале наопаку. Тоа е во нивната природа, бидејќи ја имаат сета власт во своите раце“.

Поради стравувањата дека Турција може да падне во економска криза, националната валута во однос на доларот падна на рекордно ниско ниво – речиси 45 отсто оваа година. Влошените односи со Вашингтон го забрзаа падот на вредноста на лирата.

Кога Вашингтон им наметна санкции на двајца турски министри, Ердоган кажа дека Турција е мета на „економска војна“ и ги повика граѓаните да ги продаваат доларите и еврата и да купуваат лири, во очајнички обид да се поддржи националната валута.

„Не е рационално да се објаснува падот и непостојаноста на лирата со еден напад“, вели за РСЕ Кан Слечуки, турски економист и член на истанбулскиот Центар за економски и надворешнополитички студии. „Падот на лирата е предизвикан од реални економски причини. Додајте ги на ова тензиите со Соединетите Држави и ќе добиете рецепт за изразена нестабилност на валутата“.

Економистите тврдат дека Анкара би морала да ги крене каматните стапки за да ја ублажи растечката инфлација, но Ердоган таквиот потег го нарече „неисламски“. Тој тврди дека високите камати предизвикуваат висока инфлација, со што голем број економисти не се сложуваат.

„Се случува ерозија на институциите бидејќи сѐ е сконцентрирано во рацете на Ердоган“, вели Џенкинс. „Имаме и ерозија на професионализмот бидејќи Ердоган се опкружи со луѓе кои му угодуваат, а друг проблем е тоа што тој има некои сопствени економски идеи кои ја диктираат економската политика на Турција“.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе