Вдахнување живот во напуштените места

На дојденците им нудат 25.000 евра да живеат во италијанските гратчиња

Слабо населен регион во јужна Италија им нуди на дојденците 700 евра месечно во текот на три години да живеат во едно од тамошните места, пишува Гардијан.

Меѓутоа, постојат неколку услови: местото мора да има помалку од 2.000 жители, а дојденците мора да се обврзат да почнат некаков бизнис.

„Да понудевме само пари, тогаш тоа ќе беше уште една во низата добротворни акции“, вели за Гардијан Донато Тома, претседател на Молизе. „Сакавме повеќе, сакаме луѓето тука да инвестираат. Можат да почнат каква било работа: да отворат пекара, ресторан, трафика, што било. Тоа е начин да се вдахне живот во нашите гратчиња и со тоа да се зголеми популацијата“.

Тома најави и дека секое место со помалку од 2.000 жители ќе добие по 10.000 евра месечно за изградба на инфраструктура и промовирање културни активности.

„Не станува само збор за зголемување на популацијата. На луѓето им е потребна и инфраструктура и причина да останат, во спротивно за неколку години повторно ќе бидеме на почеток“, кажа тој за британскиот весник.

Според податоците на италијанскиот национален Институт за статистика (Истат), Молизе со популација од 305.000 жители е меѓу регионите кои во изминатите години изгубиле најмногу жители – околу 9.000 заминале од 2014 година.

Над 2.800 во 2018 починале или се отселиле во друга област, што е речиси за 1.000 повеќе од претходната година. Не е регистрирано ниедно раѓање во девет градови во регионот.

За прв пат по 90 години, бројот на италијанските граѓани кои живеат во Италија паднал на 55 милиони, наведува Истат. Во периодот меѓу 2014 и 2018 бројот на италијански државјани во земјата паднал за 677.000. Гардијан наведува дека зад тој пад стојат два фактори: падот на наталитетот, кој е најнизок од обединувањето на Италија и зголемувањето на миграцијата на младите луѓе во други европски земји во потрага по работа. Речиси 157.000 луѓе ја напуштиле Италија во 2018.

Италија е една од големите европски економии чија популација според очекувањата ќе опаѓа во следните пет години, наведува ОН. Таа е на второто место, зад Јапонија, како земја во која бројот на старите луѓе рапидно расте во однос на младите.

Во обид да ги заживеат напуштените места, неколку градоначалници како оној на Сутера во Сицилија, ги отворија вратите на празните куќи за барателите на азил кои доаѓаат од Либија.

Други, како Самбука, кои се спремни на сѐ за да опстанат усвоија стратегија која стана многу популарна на југот: да се продадат, или практично подарат, напуштените куќи на секој кој се спремен да се всели во нив. Симболичната цена на куќа е едно евро.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе