Ковид-19

Може ли ве молам конечно да престанеме да зборуваме за „природен“ имунитет на стадо?

Постигнувањето имунитет на стадо преку масовно заразување не е решение за пандемијата, пишува епидемиологот Малиа Џонс за Слејт.

Фото: ЕПА

Затоа, вели таа, последен пат, ве молам, слушнете ме: „Природниот“ имунитет на стадо е ужасна, опасна идеја, која не би го постигнала она што го ветуваат нејзините промотори.

Целта Е да се дојде до имунитет на стадо - тоа е целта на програмата за вакцинација. Но постигнувањето имунитет на стадо со тоа што ќе дозволите сите да се разболат е спротивно на решението; тоа е проблемот. Не постигнува ништо во услови на криза и не е никаков план. Тоа е нереално и во него има само две опции: здравјето на нашата економија и контрола на пандемијата. Во реалноста, не можеме да го имаме едното без другото.

Имунитетот на стадо е она што се случува кога толку многу луѓе се имуни, што вирусот повеќе не може да најде подложни домаќини, така што бројот на нови случаи се намалува. Колку точно луѓе се „толку многу“ е отворено прашање, но повеќето научници се согласуваат дека за ковид-19 тоа е најмалку 60 проценти - под претпоставка дека нема мали џебови во општеството каде што имунитет имаат многу помалку луѓе.

Тоа значи дека само во Соединетите Држави ќе ни треба околу 200 милиони луѓе да станат имуни на ковид пред да дојдеме блиску до целта имунитет на стадо. Постојат два начини да станете имуни: или да се разболите или да се вакцинирате. Следува дека, во теорија, има два начини населението да се натера да добие имунитет на стадо: или оставете многу луѓе да се разболат или вакцинирајте многу луѓе.

Додека го пишувам ова, имаме 13,4 милиони луѓе за кои е потврдено дека имаат ковид-19, а од серолошките студии по случаен избор знаеме дека многу повеќе заразени останале неоткриени. Да претпоставиме дека за секој потврден случај има уште четири неоткриени зарази. Врз основа на тоа резонирање, излегува дека САД досега имале околу 67 милиони случаи на ковид-19… што значи само уште 130 милиони!

Доаѓањето до имунитет на стадо преку природна инфекција би траело страшно долго. Можеби сте ги слушнале застапниците на имунитетот на стадо како зборуваат за тоа колку брзо може да се реши решавањето на овој хаос на тој начин. Јас разбирам зошто тоа звучи привлечно, затоа што и јас бев заглавена дома 10 месеци и би сакала тоа да заврши во моментов, ако е можно. За жал, тоа не е точно.

Ако го одржувавме неверојатното темпо што го доживеаја Соединетите Држави во текот на ноември - 140.000 потврдени случаи на ден, а за многу други се претпоставува дека не се потврдени - ќе требаа уште 186 дена за да дојдеме до земјата на чудата. Знам дека ноември изгледаше како половина година, но дали можете да замислите ако планот треба така да се одвива уште шест месеци? Пред да кажете дека ова изгледа прилично разумно, прашајте го болничарот во најблиската болница до вас. Ова темпо ги убива. А, да бидеме искрени, шест месеци се оптимистичко сценарио. Ако има помалку од четири непотврдени случаи за секој потврден, тогаш ќе биде потребно подолго, можеби и многу подолго.

Следното нешто што стадото што се залага за имунитет на стадо ќе ви го каже е дека треба само да ги забрзаме работите. Ма дајте да го завршиме ова!

Но како точно планираме да го сториме тоа? Фала богу, нема етичка комисија што би одобрила програма во која милиони луѓе намерно и без лекување би биле изложени на потенцијално фатална болест. И, секако, се чини дека нема координативно тело подготвено да го организира овој потфат, вели Џонс.

Па претпоставувам дека ќе треба да се потпреме на тоа дека поединците сами ќе си го проценат ризикот, ќе си изведат заклучок за тоа што е најдобро и… ќе соработуваат. Планот ќе функционира само ако 3 од секои 5 Американци решат дека за општо добро би требало да се разболат од болест што може да ги убие. Кој сака да оди прв?

Ама чекајте – ние не смееме да ја надминеме целта! Ако премногу луѓе се разболат одеднаш, нашите болници ќе мора да штедат на лекување, а стапките на смртност од ковид-19 и од други причини ќе се вивнат до небо! Значи, освен ако не сакате да ѝ кажете на сестра ви дека не може да го роди своето бебе во болница затоа што нема место, ќе треба многу прецизно да ги балансираме новите случаи, кои ќе доаѓаат премногу брзо и не доволно брзо. А ако годинава научивме нешто, тоа е дека поттикнувањето на Американците да соработуваат на комплициран, непредвидлив проект за општо добро без никаков вид координативно тело е сосема нереален план.

Еве уште една добра причина да ја баталите оваа идеја: тоа значи да се помириме со милиони заразени, милијарди изгубени продуктивни часови и стотици илјади починати - дури и според нереалното сценарио дека можеме да ги заштитиме оние со најголем ризик. За да се постигне имунитет на стадо преку заразување - ако случаите се распределуваат рамномерно низ сите возрасни групи - може да очекуваме да изгубиме околу 2,7 милиони животи во САД, а најтешко да бидат погодени постарите луѓе. Би изгубиле 1 од 3 лица над 64 години.

Од оваа причина, поборниците сугерираат дека треба да ги земеме луѓето што се најранливи и да ги „заштитиме“ додека трае овој план. Ова значи дека луѓето што се ранливи не можат да излезат надвор сè додека трае ова, додека ние останатите шетаме и се заразуваме со ковид-19. Во таа ранлива група спаѓаат 50 милиони луѓе постари од 65 години. Но дали таа ги вклучува и 10-те милиони Американци што имаат нарушен имунитет? А што е со луѓето со срцеви заболувања или дијабетес? Што е со луѓето што се дебели? Кој одлучува?

И како и да е, каде ќе одат овие ранливи луѓе? „Планот“ се чини дека претпоставува дека повеќето постари лица живеат во старечки домови, но тоа не е точно. А за оние што и живеат во нив, дали ќе го штитиме и персоналот во нив? Или, тие треба да се иселат од своите домови за да не се заразат од сопствените семејства? Што е со милионите деца што ги чуваат нивните баби и дедовци? Дали тие деца треба да бидат одделени од своите чуватели? Каде ќе одат?

Што се случува кога ќе достигнеме 60% оздравени кај општата популација? Ковидот нема едноставно да исчезне. Сè уште ќе имаме епидемии и ќе имаме голем проблем со групите без имунитет - сите оние што биле „заштитени“.

А кој ќе плати за стотиците илјади очекувани хоспитализации и интензивни неги? Дали луѓето без осигурување ќе си добијат ковид-19, а потоа ќе плаќаат за болничка нега од џеб, или државата ќе покрене нова програма за нив?

А кој ќе работи во сите оние чудесни продавници и ресторани за да ја зачуваме нашата економија од пукање по рабовите додека толку многу од нас се болни?

Дури и да можеме да одговориме на сите оние прашања на начини што звучат разумно, сепак треба да се соочиме со фактот дека ризикот од смрт кај луѓето што добиваат ковид-19 и се на возраст под 65 години е мал, но не е нула. Ние би очекувале меѓу 312.000 и 412.000 смртни случаи во Соединетите Држави кај лица под 65 години. Тоа е скоро 1 на 100 возрасни на работоспособна возраст, или вкупното население на Њу Орлеанс.

А ако не успее тотално нереалниот план за штитење, или ако се разболат премногу луѓе одеднаш, бројот на смртни случаи би се зголемил ненадејно и незапирливо. Многу се сомневам дека нашата економија ќе цвета под вакви услови.

Застапниците тврдат дека тежината на социјалните проблеми предизвикани од ограничената активност - вклучително глад, злоупотреба на деца и самоубиство – е поголема од потребата за контрола на пандемијата. Но факт е, ние имаме пандемија и тоа е голем проблем. Сега нема алтернатива каде што сè е комплетно нормално. Во сценариото „нека изгори“, со каква колективна траума ќе се соочиме сите? Што ќе се случи со децата што ќе ги загубат своите родители или баби и дедовци? Која ќе биде цената на менталното здравје меѓу нашите здравствени работници под вакви околности?

Имам уште еден аргумент. Ние сè уште не знаеме колку трае имунитетот на ковид-19 откако ќе оздравиме. Само една година сме со ова. Случаите на реинфекција досега беа ретки, но постојат. Што ако имунитетот трае 15 месеци, а потоа луѓето што преживеале инфекција повторно се подложни? Ако е тоа така, никогаш нема да достигнеме имунитет на стадо, без разлика колку луѓе биле заразени.

Ние исто така не знаеме ништо за долгорочните последици од болеста ковид-19, бидејќи ова е толку ново. Знаеме дека дури 1 од 10 преживеани има многу долго закрепнување. Белите дробови на некои преживеани се толку разорени што им е потребна трансплантација на белите дробови за да преживеат. Досега само едно место во светот достигна толку трескавичен пик на зараза што научниците расправаа дали дошол до локализиран имунитет на стадо: Манаус, Бразил. Во ова мало гратче среде Амазон во април дури 1,4 милион од 2,2 милиони жители беа заразени со ковид-19. Медиумските информации за недостиг од ковчези, масовни гробници и болници што ги враќаат пациентите се предупредување за нас останатите, а не покана. А и покрај сето тоа страдање, тоа воопшто не успеа. Случаите со ковид-19 повторно почнаа да растат во Манаус во септември. Шведска - честопати цитирана како успешна приказна за имунитетот на стадо – соочена со неуспех сега се откажа од својата верзија на овој план.

Некои локации во Соединетите Држави имаа слична шема: случаите почнуваат да паѓаат по огромен бран на инфекции, а поборниците на „да-не-правиме-ништо-во-пандемијава“ би сакале да му го припишат ова на успехот на имунитетот на стадо. Сепак, ниту едно место во Соединетите Држави сè уште се нема ни приближено до потребниот праг - не, дури ни Јужна Дакота. Подемите и падовите во една епидемија се толку типични што научниците со децении овие криви ги нарекуваат „бранови“. Тоа буквално го има во учебниците. Привременото забавување на напредокот на епидемијата не е доказ дека е постигнат имунитет на стадо. И, патем, ако се прашувате како функционирала досега таа стратегија со штитењето: осум проценти од жителите на старечки домови во Јужна Дакота веќе починаа од ковид-19.

Вакцинацијата, за разлика од заразувањето, го запознава нашиот имунолошки систем со вирусот без да ги ризикува нашите животи и без огромните сметки за престој на интензивна нега во процесот. Вакцинацијата, исто така, дава посилен и потраен имунитет, благодарение на контролираните и повторени дози. Со одобрувањето вакцини на повидок, јас би сакала да престанам да зборувам за пуштање на пандемијата да беснее надвор од контрола како стратегија. Тоа не е стратегија, тоа е пропаст.

Не ги бранам „карантините“. Барањето милиони луѓе да седат во едно место сè додека вакцината не се дистрибуира масовно е подеднакво нереално. Јас велам дека треба да преземеме фокусирани активности за да го намалиме ширењето на ковид-19. Треба да носиме маски и да избегнуваме преполни затворени простории. Ограничувањата треба да бидат построги кога стапките на заразени се високи и поблаги кога се ниски. Ние треба да ја заштитиме нашата работна сила во здравството – па и нашата економија - од катастрофалните ефекти на истовремените милиони случаи на болеста.

Успехот во тоа ќе го спречи ковид-19 да ја уништи нашата земја сè додека не успееме да го достигнеме имунитетот на стадо преку безбедна и ефективна програма за вакцинирање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе