„Црногорските опозициски партии најдоа победничка стратегија“

Може ли српската опозиција да го урне Вучиќ со „црногорскиот рецепт“

Победата на опозицијата на парламентарните избори во Црна Гора по цели три децении владеење на Демократската партија на социјалистите на чело со Мило Ѓукановиќ го отвори прашањето дали е тоа можеби рецептот кој би можела да го примени опозицијата во Србија, која од доаѓањето на Српската напредна партија на власт безуспешно се обидува да се обедини во една колона, пишува Н1.

EPA-EFE

Црногорските опозициски партии ја најдоа, како што се покажа, победничката стратегија со донесувањето на одлуката на изборите да излезат во три колони. Две децении претходно, во Хрватска беше сменета власта воспоставена по првите повеќепартиски избори во 1990 година, а тогашната опозиција настапи во две колони. Истата година падна режимот на Слободан Милошевиќ, со тоа што опозициските партии формираа широка коалиција и една изборна листа.

Успехот на опозицијата во Србија би можел да се „прелее“ и во Србија доколку опозициските партии ја сменат стратегијата со која досега се обидуваа да му се спротивстават на режимот на Александар Вучич, истакнаа во разговор за Н1 доцентот на Факултетот за политички науки во Белград Душан Спасојевиќ и извршниот директор на Центарот за слободан демократија (Цесид)) Бојан Клачар.

На прашањето може ли да се повлече паралела меѓу режимот на Вучиќ и тој на Ѓукановиќ, соговорниците на Н1 се согласни дека меѓу двајцата државници има повеќе разлики отколку сличности.

„Режимот на Ѓукановиќ трае многу подолго, но, според моето мислење, Црна Гора е послободна земја, а изборите по фер, пред сѐ поради поголемата медиумска слобода. Второ, опозициската сцена во Црна Гора е уситнета како во Србија, но е постабилна, особено во последните четири години, и се знае рамката кој колакава поддршка и идеологија има. На крај, опозицијата во Црна Гора реши да излезе на изборите и покрај нееднаквите услови и четиригодишниот бојкот на парламентот без резултат, додека во Србија опозицијата ги бојкотираше изборите и се предаде без борба и активна бојкотна кампања, која би претставувала основа за понатамошна работа“, напоменува Спасојевиќ.

Клачар истакнува дека стана популарно да се повлекуваат паралели меѓу Ѓукановиќ и Вучиќ, но смета дека меѓу двајцата претседатели има повеќе разлики од сличности.

„И двајцата се силни и популарни лидери, искусни политичари чие дејствување ги спушти демократските капацитети на хибридни режими наместо демократии. Меѓутоа, разликите се поизразени бидејќи поинаку ги гледаат надворешнополитичките приоритети, немаат ист однос кон минатото, им се разликува политичкиот стил, негуваат поинакви политички позиции на своите партии, значително се различни во комуникацијата. Со еден збор, опозицијата во Србија премнигу инсистира на потенцирањето на сличностите и обидот на бранот критики на Мило Ѓукановиќ и недокажаната блискост со Вучиќ да профитира во Србија. Според мене, тоа се два случаи и два различни пата, со понекоја иста крстосница или свртување, но ништо повеќе од тоа“, наведува Клачар.

„Нарцизам и лидерски суети“

Втората суштинска разлика, смета Клачар, е тоа што Ѓукановиќ и ДПС, иако водечки актери, веќе неколку години немаат консолидирана моќ во мерката која ја има СНС во Србија, па партискиот систем и политичкиот живот во Црна Гора, како што вели, се многу посилни и повитално отколку во Србија.

Зборувајќи за сличностите и разликите меѓу опозициските партии во Црна Гора и Србија, извршниот директор на Цесид истакнува дека заедничка им е некохерентноста на политичките позиции, како и фрагментираноста.

„И во Србија и во Црна Гора опозицијата ја карактеризираат нарцизмот со мали разлики и лидерските суети, интерните проблеми и неуспесите, како и дејствувањето во отежнати изборни услови. Сепак, опозицијата во Црна Гора веќе со години е „во игра“ како рамноправен противник на владејачкиот режим и на секое ниво може да ја загрози власта на ДПС. Тоа во Србија не е така, бидејќи оваа година имаше едвај неколку локални самоуправи каде одделни политичари беа во таа позиција и речиси сите избори ги изгубија“, потсетува Клачар.

Опозицијата во Србија, смета Клачар, може да примени дел од политичката тактика на црногорските опозиционери на неодамна одржаните избори.

„Пред сѐ мислам на теренското дејствување на опозицијата во Црна Гора, кое беше многу силно, потоа настапот во три колони кои беа вредносно, човечки и идеолошки кохерентни, дисциплинираната рамка на пораката и постојаното поентирање на темите во „лична сопственост“, како и внимателниот избор на носителите на листите и клучните комуникатори, меѓу кои улогата на младите и новите луѓе која беше доминантна“, наведува Клачар.

Оценувајќи дека нема однапред дадени модели за бројот на таканаречените колони, Спасојевиќ истакнува дека од перспектива на извлекувањето на гласачите на избори, најважно е гласовите на опозицијата да не се растураат и да се создава синергија.

„Од перспектива на „обединувањето на опозицијата“, важно е опозициските партии меѓусебно да не се напаѓаат и заедно да се бранат доколку дојде до напад на режимот, како и да ја делат работата на контрола на изборите. Важно е опозициските партии да бидат активни, да имаат јасен план и да го спроведуваат, а не само пасивно да чекаат нешто да се случи или Вучиќ да направи грешка, да го „признае Косово“, на пример“, истакнува Спасојевиќ.

Како еден од примерите на пасивноста на опозицијата, Спасојевиќ го наведува чекањето на изборите во 2022 година како „избори на кои мислат дека имаат шанса“.

„Опозицијата во актуелната состојба нема шанса на ниедни избори, а тоа нема да се смени ако ја чекаме 2022 година, фокусирани само на расправата за тоа кој е претседателски кандидат. Со други зборови, тие избори се преблиску ако нешто позначајно не се смени во следните шест месеци. Некои опозициски лидери зборуваат за потребата партиите одвнатре да зајакнат и тоа е важна работа која мора да ја спроведат. Потоа мора да се изгради меѓусебна доверба и односите кон граѓанското општество и меѓународната заедница. Дури кога ќе се исполнат тие услови, може да се размислува за освојување на власта на изборите“, смета Спасојевиќ.

Клачар потсетува дека Црна Гора последна во поранешна СФРЈ дочека промена на изборите, истакнувајќи дека тој факт мора да се има предвид кога се зборува за успехот на тамошната опозиција.

„Тој успех сега е прва вест, но тоа е и неуспех имајќи предвид дека минаа дури триесет години. Црна Гора доцни по Србија и Хрватска цели дваесет години, а крупни промени се случија и во Република Српска со доаѓањето на Милорад Додик на челото на владата пред 22 години. До промени дојде и во Македонија по смената на власта на Никола Груевски, додека Словенија го стабилизираше својот политички систем и вообичаените смени на власта“, подвлекува Клачар.

Според него, стратегијата и тактиката на опозицијата мора да „испратат рационално согледување на сегашниот српски контекст“, кои е, истакнува, битно различен од 2000 година во Србија и Хрватска.

„Стратегија на освојување на мали цели“

„Стратегијата на опозицијата би требало да опфати освојување мали цели, како на пример, белградските избори, а притоа на граѓаните и странските партнери среднорочно да им се постави како несомнена алтернатива во однос на СНС. Тоа вклучува јасна политичка позиција, идеолошко и вредносно вкрупнување, не и збирно, како и промоција на младите луѓе“, наведува Клачар.

Според Сапсојевиќ, во овој момент може да се зборува за две опозициски колони – граѓанска и национална и тоа пред сѐ затоа што опозицијата го притиска режимот од повеќе правци.

„Поедноставено, едните го напаѓаат Вучиќ затоа што, како што велат, ќе го продаде Косово, а другите затоа што сметаат дека ја одалечува Србија од Европа. Засега изгледа дека едната колона не прави синергија, но тоа е моментална состојба и последица на фактот дека опозицијата, или барем еден нејзин дел, немаат тема врз основа на која можат да му нанесат штета на режимот. Во Црна Гора тој фактор беше законот за слобода на веросиповедта, кој им даде заедничка тема на сите опозициски партии и го крена рејтингот на „просрпската“ опозиција таман за толку за колку што им недостасуваше на изборите во 2016. Тоа значи дека состојбата во Србија може да се смени, но е потребно опозицијата поактивно да работи против режимот бидејќи тој нема самиот да се разниша од себе. А кога малку ќе се разниша, како на јулските протести, тогаш нема кој да застане пред граѓаните и да го артикулира нивното незадоволство“, истакнува Спасојевиќ.

Поставувањето на кампањата, според Бојан Клачар, е пред сѐ прашање на наука и занает, поради што истакнува дека пред изборот на решение, техника и алат потребно е да се направат истражувања, да се тестираат пораките, ликовите...

„Досега се чинеше дека опозицијата има аверзија кон истражувањата и дека одлуките го носи пред сѐ врз основа на емоциите, социјалните мрежи и ставовите на истомислениците отколку на реалната сотојба. Најчесно би било да се каже дека одговорот на тоа прашање не се знае без истражувања на јавното мислење“, искрен е Клачар.

Потсетувајќи дека до ефектот на синергија доаѓало до големите и шарени коалиции како ДОС2000, Заедно за европска Србија 2008 или преку поддршката на комплетната владејачка коалиција на Вучиќ на претседателските избори во 2017 година, Клачар истакнува и спротивен пример – кога Сојузот за Србија имаше послаб рејтинг од оној што го имаа сите партии одвоено како збир.

„Самите колони се само првиот чекор, а вториот чекор, кој реба да го амртизира можниот анимозитет на гласачите кон различни лидери или партии, е изборот на носители на листи и комуникатори, како и дисциплината во рамките на пораката. Тоа значи дека не мора да се зборува баш на секоја тема, дека не мора да зборуваат сите туку само оние со најдобар рејтинг и дека различните лица можат да се обраќаат на различни целни групи. Така во дебата на некоја мејнстрим телевизија може да влезе некој поискусен политичар, но за социјалните мрежи секако е подобар некој помлад лидер или помладо лице“, заклучува Клачар.

 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе