Борба за власт во Саудиска Арабија

Може ли исчезнувањето на новинарот да му го одземе престолот на саудискиот принц Салман?

Последиците од исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги пред две недели во Истанбул, во конзулатот на Саудиска Арабија, чиј режим остро и јавно го критикуваше, би можеле да влијаат врз низа генерации, пишува Ник Робертсон за Си-ен-ен.

„Можеби сме сведоци не само на очигледно замолчување на критичар, туку на грч во долготрајната борба за власт во Саудиска Арабија во долгите и широки линии на кралското семејство“, пишува Робертсон.

Откако Ибн Сауд, основачот на Саудиска Арабија, го постави на власт своето семејство во 1920-тите години, преземајќи ги светите градови Мека и Медина и космополитското пристаниште Џеда, власта преоѓаше по ред од еден син на друг, како што созреваа и стануваа способни за тоа.

Во последните децении има сѐ повеќе малверзации во самата палата. Откако синовите на Ибн Сауд остареа, стана јасно дека во некој момент наследниот ред ќе мора да скокне една генерација, со тоа практично помагајќи ѝ само на една линија на заплетканото кралско семејство трајно да ја задржи власта.

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, ја виде шансата на своето крило на семејството кога неговиот татко стана крал.

Процесот на поставување на следниот ред на наследувањето е толку сложен и напорен, што последниот крал формираше посебен совет за тоа. Изборот на советот беше принцот Мохамед бин Најеф, тогашниот министер за внатрешни работи, чиј татко беше на таа позиција пред него.

Бин најеф ќе беше првиот од својата генерација кој ќе го преземеше престолот, па неговото семејство очекуваше од него да настане новата кралска линија, но во непрегледната низа настани од минатото лето, тој неочекувано се откажа од својот пат кон престолот.

Имаше секакви гласини, од кои една беше дека Бин Најеф станал зависник од лековите против болка пред десет години, кога преживеа обид на Ал каеда да го убие, но пораката беше дека го попречил Мохамед бин Салман, и Бин Најеф од тогаш ретко се појавува во јавност.

Бин Најеф имаше тесни работни однсои со американските служби за борба против тероризмот и беше почитуван како член на кралското семејство, па ќе беше сигурен и како партнер и како монарх, пишува Робертсон.

Но приказната на Мохамед бин Салман е сосема поинаква.

Набрзо откако стана престолонаследник, тој затвори голем број свои роднини, вујковци и други моќници во ликсузниот хотел Риц Карлтон и ги обвини за корупција. Само неколку од нив стигнаа на суд, но сепак голем дел беа принудени да му предадат вносни бизнис договори и огромни делови од своето богатство, за што малку кој зборува од страв од одмзазда.

Постарите членови на кралското семејство и министрите зборуваат за ноќни состаноци со вознемирениот престолонаследник кој им покажува табели, им претставува факти и бројки, барајќи го нивното внимание и очекувајќи од нив резултати.

Функционерите кои ќе му се попречат на патот се отстрануваат. Голем број државни функционери во Саудиска Арабија зборуваат дека оделе уплашени кога Мохамед бин Салман ќе ги викнел на разговор. Накратко, тој стана суд составен од само еден човек – тој самиот, пишува Робертсон.

Ништо не се случува без тој да го каже својот збор. Дури и обични бизнис договори чекаат негово одобрување. Неговиот стил на управување, сепак, не е целосно спротивен со претходните монарси.

Но тоа и е поентата: тој не е крал. Дури и неговиот татко изгледа маргинализиран од неговата амбициозна „Визија 2030“ да го модернизира Кралството.

Тој доби и пофалби како реформатор, и е видно олеснување за многумина млади Саудијци кои очајнички сакаат промени, стравувајќи дека Мохамед бин Салман би можел да биде сопрен.

Но, во неговиот јуриш напред постои опасност дека „ќе му снема пат“. Голем број потенцијални меѓународни инвеститори се повлекоа од таканаречениот „Пустински форум Давос“ кој се одржува следната недела, додека многу е потешко да се сфати на какво „рибање“ е изложен зад капиите на палатата.

Изгледа дека неговиот татко, кралот Салман, сепак ги презема уздите. По неговиот телефонски разговор во неделата со турскиот претседател Ердоган, на турските инспектори им беше дозволено да влезат во конзулатот во кој исчезна Џамал Кашоги, остриот критичар на Мохамед бин Салман.

Иако сѐ уште не е јасно што тоа може да значи за Мохамед бин Салман, пораката до бројните негови родини кои тој ги тргна од патот е дека „меѓународната заедница е многу решена на челото на најважната нација на Блискиот Исток да видат личност која многу помалку создава бранови од него“, заклучува Робертсон за Си-ен-ен.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе