Москва се соочува со нов агресивен сој на коронавирусот

Москва се соочува со нова варијанта на коронавирусот, која е поагресивна и позаразна, додека ситуацијата во градот рапидно се влошува, рече вчера градоначалникот.

Фото: ЕПА

Руската метропола во неделата објави 7.704 нови случаи на инфекција, што е најмногу во еден ден од 24 декември.

Властите потврдија 14.723 случаи во земјата, што е најголем дневен број на заболени од 13 февруари досега. Дневните бројки останаа високи оваа недела.

Градоначалникот Сергеј Собјанин рече дека бројот на новозаразени денеска може да биде поголем од 9.000, што ќе биде најголем број на регистрирани инфекции од почетокот на пандемијата.

До почетокот на јуни, дневниот број на новозаразени со месеци беше генерално под 3.000.

„Пристигна нова мутација, активна е нова варијанта. Поагресивна е, потешко се оздравува од неа, побрзо се шири. Полесно влегува во имунолошкиот систем на лицето“, изјави Собјанин пред новинарите.

На владиниот состанок, кој беше пренесуван на телевизија, Собјанин рече дека градот рапидно го зголемува бројот на болнички кревети за да може да го лечи евентуалниот наплив на пациенти заразени со ковид-19. Во моментов има доволно кревети на располагање, рече тој.

„Оваа динамика е прилично неочекувана со оглед на тоа што повеќе од 60 проценти од московјаните веќе биле болни или вакцинирани - ова е голем дел од популацијата... Секако дека не очекувавме зголемување на бројот на случаите, туку намалување“, рече Собјанин.

„Се приближуваме кон построги одлуки - привремени, но построги - во однос на ограничувањата“, рече тој.

Кремљ изрази загриженост поради бавниот напредок на руската програма за вакцинирање, и покрај фактот дека вакцината Спутник V е достапна за граѓаните на Москва од декември.

Градоначалникот на Москва во средата објави одлука за задолжителна вакцинација против ковид-19 за сите вработени во услужниот сектор со цел да се ублажи „драматичното“ влошување на епидемиолошката состојба.

Собјанин рече дека во четвртокот бил тројно зголемен бројот на лицата што се пријавуваат за вакцинирање и дека очекува зголемувањето на бројот на случаи да ја зголеми побарувачката: „Мислам дека бројот ќе расте секојдневно“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе