Соседството се вооружува

Модернизација на вооружувањето: Србија купува француски проектили, Романија систем „патриот“ од Америка, Бугарија осум Ф-16

Модернизација со ограничувањата кои ги наметнуваат сѐ поскапите воени технологии и лимитираните буџети е заеднички именител на опремувањето на оружените сили во регионот.

Тоа е трендот и меѓу војските на водечките економии на Европа и светот.

Недодамнешната набавка на ракетниот систем „мистрал“, планот за купување кинески беспилотни летала и најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека во согласност со економските прилики ќе бидат издвоени повеќе пари за одбраната укажува дека Србија настојува да го фати чекорот со времето и да набави нови воени технологии.

Српскиот и францускиот претседател потпишаа кон средината на јули во Белград договор за купување лесни преносни ракетни системи за противвоздушната обрана „мистрал 3+“. На јавноста ѝ беше соопштено дека на тој начин во значителна мера ќе бидат унапредени капацитетите на противвоздушната одбрана бидејќи во Србија од Франција ќе стигнат 18 ракетни системи, со вкупно 50 ракети.

Ова купување е значајно за Србија бидејќи станува збор за првата набавка на какви било системи во изминатите четврт век, поточно од 1994 година. се претпоставува дека тогаш по тајни канали од Бугарија е набавено помало количество ракети игла-1 (СА-16) со кои во 1995 година беше соборен еден француски мираж 2000 над Пале.

Купувањето на ова количество „мистрали“ е дел од регионалниот и светскиот тренд. Додека во ерата на Студената војна набавките се броеја во стотици парчиња скапа воена опрема, сегашните купувања се изразени во десетици, а некогаш и помалку од тоа. Воените потенцијали на Балканот и светот денес поради тоа се квантитативно повеќекратно помали во однос на изминатите децении.

За споредба, во времето на војните на просторот на поранешна Југославија имаше 4.400 лансирни рампи за стрела-2М кој по лиценца беше изработува во фабриката Крушик во Ваљево. Резервата од 20.762 ракети претставуваше невообичаено големо количество дури и за стандардите на Студената војна.

Иако борбената употребна вредност на „мистрал 3+“ е значително поголема од застарените стрела-2М од времето на СФРЈ ова ставање во контекст пружа илустрација за бројките некогаш и сега.

Додека некогашните набавки на хеликоптери се мереа во полкови, сега за српската војска во период од неколку години се нарачани вкупно 14 летала во три типа од два произведувачи. Во новите времиња и таквата набавка претставува, несомнено, значително засилување имајќи предвид дека долги години претходно не се набавуваше ништо.

Границите на модернизацијата во регионот

Дека набавките во мали количества се вообичаени во новиот век докажуваат и примерите од регионот.

Бугарија која според економската моќ и бројот на жители прилично личи на Србија, реши воената авијација да ја обнови со набавка на осум повеќенаменски борбени авиони Ф-16 блок70, со кои планира да го замени големиот број различни типови летала досега користени во военото воздухопловство.

Таа бројка е неспоредливо помала во однос на состојбата на бугарската воена авијација  на почетокот на деведесеттите години на минатиот век. Само јуришната авијација на таа земја имаше три полка (Су-22, Су-25 и МиГ-23БН), а ловечката авијација имаше за тоа време респектабилни капацитети (МиГ-21, 23 и 29, како и помал број извидувачки мигови 25).

Додека планираната набавка на четири хеликоптери Ми-35М за Србија денес се гледа како значајно унапредување на борбените капацитети, Бугарите уште пред 30 години имаа на располагање цел полк борбени хеликоптери Ми-24В, кои може да се сметаат за „постар брат“ на Ми-35М.

Хрватска за време на граѓанската војна набави две ескадрили „мигови“ 21 за сега да планира одржување една ескадрила повеќенаменски борбени авиони. Во реалноста, меѓутоа, земјата мака мачи со одржувањето на неколкуте исправни авиони МиГ-21, со сомнително педигре, но сигурно постари од пилотите што ги летаат.

Во Македонија одамна нема борбени авиони. А пред само 17 години, за време на конфликтот со етничките Албанци, македонската армија можеше да смета на 20 борбени и транспортни хеликоптери Ми-24, УХ-1 и Ми-8/17, како и на четири јуришни Су-25. Сега бројките се значително поинакви и хеликоптерската компонента е сведена на 4+2 транспортни и борбени хеликоптери, додека авионите се трајно приземјени.

Во моментот на распадот на Варшавскиот пакт на почетокот на последната деценија на минатиот век, Унгарија можеше да смета на околу 1.000 летала. Целата борбена компонента на унгарската војска денес е сведена на 14 изнајмени авиони грипен Ц и Д верзии.

Благодарение на посилната економија Будимпешта купува нешто повеќе во однос на другите во регионот, но тие набавки се бројат во десетици парчиња.

Најавена е модернизација на 12 борбени хеликоптери Ми-24 во Русија, нарачани се 20 повеќенаменски хеликоптери ербас Х145М (какви што купи и Србија), 16 транспортни хеликоптери Х225М супер пума и два авиони за превоз на трупи А319. Исклучок на списокот е нарачката на 180 современи ракети воздух-воздух АМРААМ.

Романија како најсилна економија на регионот има воен буџет од околу пет милијарди долари. тоа е двојно повеќе од Унгарија чиј буџет е двојно поголем во однос на бугарскиот, српскиот и хрватскиот.

Во согласност на тоа Букурешт регионално гледано влезе во најскапите аранжмани за модернизација на оружените сили.

Купени се 12 авиони Ф-16 од Португалија и најавена е набавка на уште пет летала. Почната е програма на модернизација на домашниот школско-борбен авион ИАР-99 и потпишан е договор за набавка на седум батерии на американскиот противвоздушен систем „патриот“ во вредност од четири милијарди евра. И покрај издвоената сума која изгледа импресивно за регионалните прилики, набаките на Букурешт квантитативно гледано се мали во однос на минатите времиња.

Светски тренд на ограничени набавки

На глобално ниво со години трање трендот на многу ограничени набаки и последично намалување на воените потенцијали.

Руската воена авијација од процесот на распадот на Советскиот Сојуз излезе со нешто повеќе од 10.000 летала доека сега користи два и пол пати помалку. Новите летала се помодерни и нивната борбена употребна вредност е значително поголема, но дури и масовната руска војска во таа смисла повеќе не може да смета на онаа статистика и заситеност на боиштето накоја некогаш можеше.

Војската на Британија во времето на Пустинска бура користеше повеќе од 800 авиони, а сега борбената ефектива е сведена на 119 летала. При распадот на Чехословачка, воениот имот во военото воздухопловство беше поделено во размер 52/48 во корист на Чешка. На крајот двете воени воздухопловства се сведоа на една ескадрила грипени во Чешка и неколку исправни мигови 29 во Словачка (Ф-16 блок 70 е нарачан но сѐ уште не е примен во вооружувањето).

Од очигледното клише се издвојуваат Грција и Турција, чии војски од очигледни причини останаа солидно опремени и бројни. На сила е и понатаму е неофицијалната мерка дека новото оружје за тие земји се продава во размер 2:1 во корист на Турција.

Она каде Анкара исто така има причина за задоволство е што Турција во значителна мера е самодоволна бидејќи тамошната воена индустрија произведува сопствен тенк, авион, транспортен и борбен хеликоптер, фрегата и пушка, додека Грција зависи од набавките на пазарот.

И покрај тој исклучок, останува впечатокот дека ќе продолжи тенденцијата на умерени па дури и ситни набавки иако по конфликтите во Грузија, Украина и Сирија светот излезе од заспаниот период во кој престана да се размислува за глобален конвенционален конфликт.

Покрај проценките за загрозеноста сѐ поголемите цени на воената опрема и технологиите кои се користат во војувањето се еден од главните ограничувачки фактори в набавките. Според проценките на американското министерство за одбрана цената на опремата на еден војник во Втората светска војна изнесувала 170 долари, за време на Студената војна била 1.112 долари, а денес дури 17.472 долари. Во иднина се проценува дека цената на опремата на војникот би можела да изнесува меѓу 28.000 и 60.000 долари.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе