Не сакаат да живеат во Русија

Младите во Србија сѐ повеќе се противат на влегувањето во ЕУ

Истражување на Кровната организација на младите на Србија (КОМС) покажува дека во Србија сѐ повеќе млади луѓе се противат на членството на оваа земја во Европската Унија.

Според истражувањето наречено Алтернативен извештај за позицијата на младите, 38 отсто од анкетираните меѓу 15 и 30 години се за влез во ЕУ, додека 40 се против, пренесува Ал џезира. Во однос на две години порано, односот бил поинаков во корист на еврооптимистите – тогаш 42 отсто млади биле за ЕУ, додека 32 отсто биле против.

Покрај тоа, 56 отсто од анкетираните сметаат дека во Србија би се живеело „исто“ или „полошо“ кога би станала членка на ЕУ, додека во 2017 година такви имало 49 отсто. Само 21 отсто од нив најголемиот сојузник на Србија го гледаат во Брисел, покажува истражувањето.

Истовремено, иако сметаат дека Србија треба да се сврти кон Русија, младите не сакаат таму да се преселат бидејќи речиси половина од анкетираните што сакаат да си заминат од Србија порадо би живееле во земјите од Западна Европа, додека само 5 отсто ја избрале Русија.

Освен Русија и ЕУ, младите сакаат и во Соединетите Американски Држави, земјите од регионот и други делови од светот, но ниеден крај на светот ни континент не е ни одблиску толку привлечен колку членките на ЕУ, кажа генералниот секретар на КОМС Стефан Ѓорѓевиќ.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе