Дојче веле

Меркел во Москва кај Путин: Поделени околу Украина, обединети поради Трамп (ВИДЕО)

Дали посетата на канцеларката Ангела Меркел на претседателот Владимир Путин е знак за затоплување на односите? Германија и Русија имаат сличен став за случувањата на Блискиот Исток, а ги врзува и новиот гасовод. За тие прашања Америка е на спротивната страна.

Работната посета на германската канцеларка Ангела Меркел на Москва доаѓа во драматичен момент. Иран и Соединетите Држави се нападнаа едни со други на ирачко тло, Иран го напушти меѓународниот нуклеарен договор, а Турција испрати трупи во Либија.

Секако доволна причина рускиот претседател Владимир Путин да ја покани Ангела Меркел на средба – во сабота во Кремљ.

Конфликтот на Иран и САД ќе биде главната тема на состанокот, а Меркел и Путин ќе разговараат и за Либија, Сирија и Украина, соопштија нивните портпароли.

Германија и Русија традиционално имаат силни економски врски, а Меркел секогаш е добредојдена во Москва. Меѓутоа, улогата на Русија во украинската криза и анексијата на Крим во 2014 доведе до сериозни нарушувања во односите на двете земју, пишува Дојче веле.

Зближување на Берлин и Москва

Александар Баунов, политички коментатор на московскиот центар Карнеги, кажа дека „Украина престана да биде толку токсична“ за односите на Москва и Берлин. Како доказ за стоплувањето на односите тој укажа на неодамнешниот напредок во решавањето на украинската криза под новиот украински претседател Володимир Зеленски.

Меркел и Путин можеби се одалечија поради украинската криза, но ги приближува „едностраноста и непредвидливоста на американските акции“, кажа Баунов, укажувајќи на американските санкции воведени на крајот на минатата година против сите што учествуваат во изградбата на руско-германскиот гасовод Северен тек 2. Тука е и одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се ликвидира иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Руското министерство за надворешни работи го осуди убиството на Сулејмани како „непромислено“, додека портпаролот на германското министерсво за надворешни работи кажа дека Берлин „нема информации кои би овозможиле да види дека нападот на САД е заснован на меѓународното право“.

Смирување на конфликтите

Руските аналитичари велат дека, по американските акции на Блискиот Исток, Меркел и Путин имаат заедничка цел да спречат понатамошна ескалација на борбите.

„Русија е заинтересирана она што се случува на Блискиот Исток да нема пошироки, покрвави последици“, цели експертот за Блискиот Исток Андреј Онтиков.

Тој додаде дека Германија и остатокот од Европа можат да играат попозитивна улога во смирувањето на ситуацијата. „Нормално, Русија мора да ја координира својата политика, вклучувајќи и координација со Европа“.

Путин можеби сака да ја искористи средбата со Меркел за да ја претстави Русија како посредник на Блискиот Исток, а Берлин исто така размислува како најдобро да го искористи Путиновото влијание во тој регион.

Руското влијание расте од влегувањето во војната во Сирија во 2015. Руската војска се бори заедно со Иран за да го поддржи сирискиот претседател Башар ал Асад, кого во Москва го доживуваат како гарант на продолжувањето на руското влијание на Блискиот Исток. Путин околу Сирија тесно соработува и со турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган.

Омид Нурипур, пратеник на германските Зелени задолжен за надворешната политика, вели: „Путин тврди дека има влијание во Иран. Се надевам дека германската канцеларка ќе го натера да ги убеди Иранците да не преземаат понатамошни мерки на одмазда“.

Кремљ постојано се обидува да ги наговори Геранија и ЕУ на поблиски односи, прикажувајќи ги САД како несигурен партнер, особено по Трамповата одлука еднострано да се повлече од иранскиот нуклеарен договор. И Германија и Русија се залагаат за спас на овој договор, особено откако во неделата од него се повлече и Техеран.

Мировни преговори за Либија во Берлин?

Москва и Берлин повикаа и на прекин на судирите во Либија. Борбите окоу Триполи и Сиртс ескалираа неодамна, откако Либиската национална армија предводена од генералот Калифа Хафтар борејќи се против силите лојални на владата на Националното единство со седиште во Триполи. Германија предупреди дека Либија може да стане „втора Сирија“.

Германија понуди да одржи мировна конференција за спротивставените страни. Таканаречениот Берлински процес би можел да почне во следните недели, иако сѐ уште нема датум. Јирген Харт, пратеник на демохристијаните, кажа дека одржувањето на конференцијата би бил „голем дипломатски успех“.

Путин во средата објави заедничко соопштение со Ердоган изразувајќи поддршка на конференција во Германија, иако и двајцата лидери кажаа дека резултати може да се постигнат само „со учество и посветеност на Либијците и соседните земји“. Путин и Ердоган повикаа и на прекин на огнот, почнувајќи од утре, 12 јануари.

Москва официјално не разјасни на чија страна е во конфликтот во Либија, иако во медиумите се објавува дека руски платеници се борат на страната на генералот Хафтар. Турција минатата недела испрати трупи да ја поддржат владата во Триполи.

Средбата во Москва би можела да покаже колкаво дипломатско влијание Меркел всушност има во Либија и на Блискиот Исток. Според Фјодор Лукијан од Рускиот совет за меѓународни прашања, Путин е главниот во преговорите во регионот. „Германија тука е пасивен играч, набљудувач од страна. Русија е клучниот играч на Блискиот Исток“, заклучи тој за Дојче веле.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе