Луѓето брзо ја губат способноста за размножување, предупредува научничка

Светот е на пат да стане комплетно неплоден до 2045 година, според нејзините проекти.

Фото: Пиксабеј

Професорка по енвироментална медицина алармира за рапидно опаѓање на стапката на плодност на човештвото - и вели дека највиновни за тоа се хемикалиите во пластиката.

Шана Свон, професорка по енвироментална медицина и јавно здравје на Медицинскиот факултет Икан во Монт Синај, Њујорк, помогна да се заврши големата студија во 2017 година според која е откриено дека бројот на сперматозоидите кај мажите во западните земји е намален за повеќе од 50% во последните четири децении, објави тогаш Гардијан. Во февруари таа ја објави својата книга „Одбројување“, која опишува како и зошто луѓето ја губат својата способност за размножување.

„Луѓето насетуваат дека имаме репродуктивна здравствена криза, но велат дека тоа е поради подоцнежно раѓање деца, избор или начин на живот - тоа не може да е хемиско“, рече Свон за Гардијан. „Сакам луѓето да сфатат дека може да е. Не велам дека други фактори не се вклучени. Но велам дека хемикалиите играат голема причинска улога“.

Во студијата објавена во Новости за човечката репродукција од 2017 година, истражувачите открија дека концентрацијата на сперматозоидите опаднала од 99 милиони по мл во 1973 на 47,1 милиони по мл во 2011 година. Тоа претставува пад на бројот на сперматозоидите од 53,4% кај мажите во западните земји како Австралија, Нов Зеланд, Северна Америка и Европа.

Според Свон, еден од примарните двигатели се хемикалиите што „ги попречуваат или ги имитираат сексуалните хормони на телото“.

„Фталатите, кои се користат за правење мека и флексибилна пластика, се најголемата грижа“, рече Свон. „Тие се наоѓаат во секого и ние најверојатно сме изложени преку храната бидејќи користиме мека пластика во производството, преработката и пакувањето на храната“.

„Тие го намалуваат тестостеронот и имаат најсилни влијанија врз машката страна, на пример, го намалуваат бројот на сперматозоидите, но се лоши и за жените, а се покажа дека го намалуваат либидото и го зголемуваат ризикот од ран пубертет, предвремено откажување на јајниците, спонтан абортус и предвремено породување“.

Свон вели дека стапката на падот на плодноста не е само чуден каприц што лесно може да се реши со репродуктивни терапии како инвитро-оплодување. Тоа всушност претставува егзистенцијална закана за човештвото. Всушност, таа проектира дека светот е на добар пат да биде целосно неплоден до 2045 година.

„Сегашната состојба со репродукцијата не може да продолжи многу подолго без да стане закана за човечкиот опстанок“, пишува Свон во „Одбројување“.

Иако оваа ситуација звучи страшно (и е), има некаква надеж. Таа вели дека хемиската индустрија треба да развие нови нехормонално активни хемикалии за домашна употреба. Исто така, оние што планираат да имаат деца треба да бидат претпазливи кон пластиките што ги внесуваат во својот дом, како што се тефлон, бисфенол А и фталати.

Инаку, еден ден „Децата на човештвото“ може повеќе да изгледа како документарен филм отколку како фантастика.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе