Левичарски бран во Јужна Америка

Со победата на левичарот Густаво Петро на претседателските избори, Колумбија се придружи на новиот бран левичарски политичари кои дојдоа на власт во Јужна Америка.

EPA-EFE

Левичарските кандидати годинава победуваа во Чиле и во Хондурас, а анкетите покажуваат дека поранешниот претседател на Бразил, Лула да Силва, исто така би можел да победи на изборите во октомври.

Јужноамериканската левица има дополнителна причина за славење: никогаш претходно кандидат од тој политички спектар не победил на претседателските избори во Колумбија.

Идниот претседател Густаво Петро и неговата потпретседателка Франсија Маркес предлагаат формирање прогресивна оска во регионот, заедно со истомислениците. Изборната победа на Петро први му ја честитаа лидерите на Мексико, Чиле и Аргентина, Андрес Мануел Лопез Обрадор, Габриел Бориќ и Алберто Фернандез.

„Новиот левичарски бран јакне во регионот“, вели во интервју за Дојче веле политикологот Јан Бестен. Меѓутоа, во споредба со првиот бран, меѓу 2000 и 2010 година, изгледа дека овој е посилен, бидејќи и денешните предизвици се далеку поголеми, смета тој експерт од Институтот за Јужна Америка на универзитетот во Берлин.

Победата на левицата во Јужна Америка главно е последица на лошото управување за време на пандемијата, економската криза и растечката државна нееднаквост.

Левица со нијанси

Во првата деценија од милениумот, левичарските кандидати победија на клучни претседателски избори, како на пример Хуго Чавез во Венецуела, Лула да Силва во Бразил, Нестор Кирхнер во Аргентина, Мишел Башеле во Чиле, Хозе Мухика во Уругвај, Ево Моралес во Боливија и Рафаел Кореја во Еквадор.

Политикологот Бестен, меѓутоа, истакнува дека „радикалната левица како таа на Чавез не може да се споредува со умерената левица на Лула де Силва. Секоја земја има поинаква политичка и општествена реалност“.

Според Флавија Фрајденберг, директорката на Центарот за политичка реформа во Јужна Америка, левичарските влади во регионот продолжуваат да покажуваат нијанси. Притоа мора да се прави разлика меѓу социјалната, економската и идеолошката левица.

„Во прв ред мораме да ги разликуваме демократските и недемократските политички системи“, истакнува Аргентинката за Дојче веле. Таа додава дека Венецуела, Никарагва и Куба, каде што владеат левичарите, не можат да бидат вклучени во групата демократски земји.

Според Фрајденберг, реалноста во Чиле е значително поинаква, бидејќи претседателот Бориќ ја предводи умерената левица која ги почитува човековите права и слободи. Во таа група на левиот центар Фрајденберг ги „вбројува“ и агрентинскиот претседател Фернандез и неговиот мексикански колега Лопез Обрадор, иако во нивните односи со важните независни тела и медиуми во последните години има сè повеќе тензии.

Стигматизацијата, вообичаена пракса

Политикологот Бестен објаснува дека не го изненадила актуелната кампања на стигматизација и понижување во колумбискиот изборен процес. Обвинувањата дека Петро јужноамериканската земја ќе ја претвори во „втора Венецуела“ не се ништо ново.

„Таа стратегија на изедначување на левичарските политичари со Мадуро и тероризмот неодамна ја видовме и во Чиле и во Перу. Но тоа не успеа и само им одеше од рака на тие кандидати. „Не мислам дека Петро ја загрозува демократијата во Колумбија“, вели Бестен. Како градоначалник на колумбиската метропола Богота и сенатор, Густаво Петро беше дел од институционалната структура.

Фрајденберг смета дека големиот предизвик за Петро е да покаже каде ќе се позиционира во левичарскиот спектар. За неа не претставува проблем тоа што Петро е поранешен герилец.

„Големиот успех на демократизацијата на нашите земји е во тоа што делови од левицата, кои некогаш беа определени за оружениот пат, во меѓувреме преку демократски избори учествуваат во политичкиот натпревар“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе