Раша тудеј

Ленин ќе се превртуваше во гроб ако го имаше: руските комунисти сакаат „Бог“ да се вметне во уставот

Не толку одамна тие беа познати како „безбожни комунисти“. Што значи дека сè уште е изненадување што партијата нема ништо против идејата во рускиот устав да се вметне „горниот“.

Еден век по болшевичката револуција, работите се многу сменети. Руските и другите советски комунистички функционери некогаш френетично го промовираа државниот атеизам, па ставот на сегашниот лидер Генадиј Зјуганов зачуди многумина.

Далеку од тоа да е „опиум на народот“, Зјуганов рече дека комунизмот всушност е изведен од христијанството. Основачот на партијата, Владимир Ленин, ќе се превртуваше во гроб - ако имаше гроб.

„Кога ја проучував Библијата, во евангелието на апостолот Павле... беше главниот слоган на комунизмот. Оној што не работи, не јаде“, објасни тој. „Всушност, на многу начини, моралниот код на градителот на комунизмот е заснован на Библијата“.

Иако православниот патријарх Кирил и остатокот од неговата црква сигурно го поздравуваат ова чувство, тие знаат и дека Комунистичката партија од советската ера брутално ги малтретираше христијаните и уби илјадници свештеници.

Иако ставот на Зјуганов е многу далеку од марксизмот и традиционалната доктрина на комунизмот, неговите колеги во Државната дума не беа многу изненадени од неговите ставови. Ова не е прв флерт на партискиот лидер со религијата - тој еднаш го нарече Исус Христос првиот комунист на Земјината топка.

Пред формирањето на Советскиот Сојуз, Русија беше длабоко религиозна земја. Интегрирањето на православната црква во владата значеше дека Ленин ги смета за орган на буржоазијата. Така, револуционерните водачи усвоија официјална атеистичка политика и, по повеќедецениска пропаганда, религијата во Советскиот Сојуз отсуствуваше од мејнстрим-мислата.

Распаѓањето на СССР доведе до тоа верата да се врати во центарот на вниманието во Русија, а многу поранешни руски комунисти почнаа да се вртат кон христијанството. Бидејќи над 80 проценти од сегашното руско население верува во Бог, не е шок тоа што производите на советскиот систем истовремено ги промовираат и Бог и комунизмот.

Сè уште нема потврда дали Бог ќе биде вклучен во новиот Устав. Работна група во моментов ги подготвува сите предлози, а националното гласање треба да се одржи на 22 април 2020 година - на 150-тиот роденден на Ленин.

Раша тудеј

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе