Куба и коронавирусот: вакцинираат и двегодишни деца, направија 3 домашни вакцини

Мали Кубанчиња седат во болница во Хавана и гледаат шарен кловн како ја изведува својата точка. Тие не се таму дојдени за претстава, туку чекаат на ред да примат една од кубанските домашни вакцини против ковид.

Фото: ЕПА

Во септември Куба стана првата земја во светот што почна со масовна вакцинација на двегодишни деца против коронавирусот, вели Си-ен-ен. Иако вакцините против коронавирусот не се задолжителни, родителите и децата ги полнат клиниките, болниците, па дури ги преобразија и училиштата за да можат децата да примат вакцини. На крајот на август Куба одобри за употреба уште две вакцини против коронавирусот, кои беа развиени од локални научници, така што во моментов во оваа земја се користат се во употреба три вакцини против коронавирусот.

„Ми олесна“, рече Лаура Тиерас, само неколку минути откако нејзината четиригодишна ќерка Анисол ја прими првата доза од кубанската домашна вакцина Соберана, или Суверен. „Многу луѓе сѐ уште се разболуваат и покрај тоа што се вакцинирани. Вака сме позаштитени“, додаде таа.

Во текот на еден единствен ден во поликлиника во Хавана, каде што Си-ен-ен и други медиуми беа поканети да го снимаат вакцинирањето, беа вакцинирани повеќе од 230 деца на возраст од 3 до 5 години, рече управителот на клиниката.

За да ги опуштат децата, лекарите и медицинските сестри носеа Мики Маус-уши над своите униформи, а беше донесен и кловн, кој настапуваше пред нив.

Исто како и кај вакцинираните возрасни, и децата на Куба се сметаат за комплетно вакцинирани кога ќе примат три дози.

Со доаѓањето на делта-сојот на Куба, случаите на инфекција кај децата се зголемија.

„Бројот на инфекциите со новиот сој на коронавирусот на Куба кај детската популација во последните месеци е загрижувачки“, напиша кубанскиот министер за здравство Хозе Портал Миранда во напис на владината веб-страница во септември.

„Многу од детските пациенти во сериозна или критична состојба се новороденчиња“, напиша тој.

Досега, според официјалната статистика, најмалку 117.500 малолетници се заразени за време на пандемијата во Куба. Владата не соопшти колку деца починале за време на пандемијата. Но од почетокот на август 10 малолетници, деца и бебиња се заведени како починати во дневните билтени на Министерството за здравство.

Поради големиот број случаи, кубанските власти ги откажаа плановите за повторно отворање на училиштата во почетокот на септември. Бидејќи интернетот дома сѐ уште е луксуз за многумина во оваа земја, децата учат гледајќи образовен канал на телевизија. Многу родители се жалат дека нивните деца заостануваат со материјалот и дека немаат каде да ги прошетаат бидејќи парковите, кината и плажите се затворени.

Кубанскиот регулатор за лекови досега одобри итна употреба на три домашни вакцини, за кои кубанските научници велат дека се многу ефикасни во спречувањето сериозни болести и смрт поради коронавирусот.

Иако критичарите се жалеа на прекумерната тајност на кубанската влада во врска со нивната програма за вакцинација, кубанските научници минатата недела почнаа да разменуваат податоци со Светската здравствена организација за да добијат одобрение за нивните вакцини.

Кубанските државни производители на вакцини првично очекуваа да произведат доволно дози за 11,2 милиони жители на островот до септември, но подоцна рекоа дека не можат да ја постигнат таа цел поради трговското ембарго на САД.

Во август, кога пандемијата излезе од контрола во неколку провинции, Куба прво почна да ја користи кинеската вакцина Синофарм, иако според научниците таа е помалку ефикасна од кубанските вакцини.

Кубанските лекари што ги вакцинираат децата тврдат дека зголемените ризици со кои се соочуваат децата мора веднаш да се решат.

„Потешко е да вакцинирате дете, но носи поголемо задоволство“, вели д-р Ауроли Отањо Ортега.

„Кога вакцинирате дете, знаете дека е вакцинирано и дека нема да има сериозни компликации и дека нема да почине од коронавирусот“.

Кои кубански вакцини се користат?

На крајот на август Куба ја одобри употребата на уште две вакцини против коронавирусот, кои беа развиени од тамошните научници.

Властите на Куба објавија дека комбинацијата на две дози на вакцината „Соберана два“ и една доза „Соберана плус“ ги спречува симптомите на ковид-19 со ефикасност од 91,2 проценти во испитувањата извршени во три фази.

Кубанскиот центар за контрола на лекови и медицински помагала (ЦЕЦМЕД) објави дека е издадено одобрение за употреба на двете вакцини. Во јули Куба ја одобри својата прва вакцина против ковид-19, Абдала.

Вакцината против коронавирусот Абдала на Кубанскиот центар за генетско инженерство и биотехнологија (ЦИГБ) се покажа 100 проценти ефикасна во третата фаза на тестирањето, соопшти центарот.

Се наведува дека вакцината се покажала 100 проценти ефикасна во спречувањето тешки форми на болеста и смрт, и 92,28 проценти во спречувањето на симптомите на болеста.

Во тестирањето учествувале повеќе од милион луѓе. Претходно, Центарот за државна контрола на лекови, опрема и медицински инструменти на Куба одобри итна употреба на таа вакцина.

Вакцината Соберана, за која Куба тврди дека е 91,2 проценти ефикасна, веќе се користи за вакцинирање на голем број здравствени работници и обични граѓани во областите со висока стапка на инфекција.

Одобрувањето на регулаторното тело за лекови, медицински помагала и опрема значи дека лекот, кој се состои од две почетни и трети засилувачки дози, може да се користи во рамките на националната програма за вакцинација и може да помогне оваа вакцина да биде лиценцирана и во странство.

Здравствениот систем на Куба беше погоден од бранот на ширење на вирусот, заедно со недостиг од лекови, кислород, лекари и опрема.

И покрај лошата економска ситуација и американските санкции, во почетокот на годината, научниците и лекарите на островот управуван од комунистите направија подвиг со кој ниту една друга земја од Латинска Америка не може да се пофали до ден-денес. Тие развија пет можни вакцини против коронавирусот, од кои три сега се користат.

Во март кубанските власти најавија проширување на испитувањата за вакцини за да вклучат стотици илјади други луѓе. Во продолжените испитувања 150.000 работници беа земени како примарна група.

Така, поради „западноцентричноста“, веста дека Куба и Иран склучија договор за соработка за вакцината против коронавирусот помина незабележано. Особено, кубанскиот државен институт за вакцинација „Финлеј“ претходно оваа година потпиша договор за соработка со Иранскиот институт за тестирање на најнапредната кубанска вакцина - Соберана 2.

Третата и последна фаза од испитувањето беа спроведена и на Куба и во Иран на примерок од 200.000 луѓе. Интересна е причината зошто Хавана се одлучи за Иран - Куба во тој момент се имаше успешно изборено со короната, толку успешно што немаше доволно заразени жители за да ја тестира вакцината. Затоа тие се свртеа кон Иран, каде што стапката на инфекција е највисока на целиот Блиски Исток.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе