Кризата во Венецуела е толку тешка што криминалците немаат пари за куршуми

Економската криза во Венецуела остава негативна трага и врз општествени групи кај кои тоа најмалку се очекуваше. Тамошните криминалци, на пример, не можат да си дозволат да купат куршуми, а тешко наоѓаат и нешта вредни за крадење бидејќи венецуелското богатство забрзано го снемува.

Новинари на Асошиејтед прес разговарале со двајца криминалци од Петара, озлогласен кварт во предградијата на Каракас, кои кажале дека едвај преживуваат од грабежите, некогаш вносен извор на заработка.

Иако куршумите лесно можат да се набават на црниот пазар, голем број криминалци не можат да си ја дозволат цената од долар за парче, кажал за АП криминалецот познат како Куче. Просечниот Венецуелец месечно заработува само 6,5 долари, а хиперинфлацијата секојдневно ја обезвреднува националната валута боливарот.

„Пиштол некогаш чинеше една од овие банкноти. Сега не вредат ништо“, вели Куче додека ја тутка банкнотата од 10 боливари.

Друг гангстер, Ел Негрито, лидерот на бандата Крејзи бојс, со своите грабежи сѐ потешко ги издржува жената и ќерката, и вели дека денес е луксуз да се испука куршум.

„Ако го испразните шаржерот, сте испукале 15 долари. ако го изгубите пиштолот или полицијата го заплени, сте останале без 800 долари“, вели Ел Негрито.

Откако венецуелската економија почна да пропаѓа, бројот на насилни умирања се намали. Јужноамериканската земја во 2015 година имала стапка од 90 убиства на 100.000 жители. Минатата година таа паднала за најмалку 10 отсто, иако Венецуела е и понатаму земја со една од највисоките стапки на насилство во светот.

И сефовите на банките се речиси празни. Дури и кога криминалците би дошле до кешот од банките, не би можеле да го транспортираат, затоа што за за пристојна сума треба да украдат купишта банкноти. Втората причина за намалувањето на стапката на насилство е иселувањето на Венецуелците од татковината. Досега емигрирале над три милиони луѓе.

Повеќето од емигрантите и бегалците се млади луѓе. Дури и Ел Негрито вели дека размислува да ја побара среќата во странство.

„Овие денови на никого не му оди добро, ни на чесните граѓани кои создаваат нова вредност, ни на криминалците кои ги крадат“, вели Роберт Брицено, директор на Венецуелската опсерваторија за насилство, истакнувајќи дека економската криза влијае врз сите слоеви на општеството.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе