САД

Криза со антибиотиците додека производителите на лекови банкротираат

Прво фармацевтската индустрија избега од тоа поле, а сега и почетниците еден по еден почнуваат да банкротираат, заканувајќи се дека ќе го задушат развојот на нови лекови.

Во време кога бактериите стануваат сè поотпорни на вообичаените антибиотици, многу компании што развиваат нови верзии на лековите губат огромни суми пари и се затвораат, сериозно поткопувајќи ги напорите да се совладаат смртоносните бактерии отпорни на лекови.

Почетниците-производители на антибиотици последниве неколку месеци масовно пропаѓаат, фармацевтските џинови го напуштија секторот, а многу од другите американски компании за антибиотици одат кон банкрот, вели Њујорк тајмс.

Експертите велат дека мрачната финансиска атмосфера кај малкуте компании сè уште посветени на истражувањето на антибиотиците ги одбива инвеститорите и се заканува да го задуши развојот на нови лекови што спасуваат животи во време кога се алармантно потребни.

„Ова е криза што треба да ги вознемири сите“, вели д-р Хелен Баучер, специјалист за заразни болести во Медицинскиот центар Тафтс и член на Претседателскиот совет за борба против антибиотици што се отпорни на бактерии.

Проблемот е јасен: компаниите што инвестираа милијарди во развојот на лекови не најдоа начин да заработат пари со нивна продажба. Повеќето антибиотици се пропишуваат за само неколку дена или недели - за разлика од лековите за хроничните болести како дијабетесот или ревматоидниот артритис, кои лудачки се продаваа - а многу болници не беа спремни да платат високи цени за новите терапии.

Предизвиците со кои се соочуваат производителите на антибиотици доаѓаат во време кога многу од лековите дизајнирани да ги излечат инфекциите стануваат неефикасни против бактериите и габите, бидејќи повеќедецениската прекумерна употреба на лековите предизвика тие да развијат одбрана против тие лекови.

Смислувањето нови соединенија не е лесен подвиг, вели Њујорк тајмс. Во последните 20 години воведени се само две нови класи на антибиотици - повеќето нови лекови се варијации на постојните - а намалениот профит ги избрка повеќето компании од пазарот. Во осумдесеттите години на минатиот век во САД имаше 18 големи фармацевтски компании што развиваа нови антибиотици; денес има три.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе