Косовски безбедносен аналитичар: Србија ќе ја искористи ситуацијата за да направи „блиц криза“ и да го заземе северот

Експертот за безбедносни прашања Рамадан Ќехаја смета дека Србија би можела да го искористи актуелниот фокус на западот на Украина за преместување воени сили на северот на Косово.

EPA-EFE

„Постојано се соочуваме со руското влијание преку нејзиниот стратегиски партнер Србија. Како што ќе ескалира ситуацијата во Украина, Србија ќе биде принудена да се одреди каде се наоѓа, што за нив е тешка одлука“, кажа тој, а пренесува Косово онлајн.

„Меѓутоа, Србија ќе има цел да ја искористи руската инвазија на Украина за преместување сили на северот на Косово според методологијата и пристапот кој сега го применува Руската Федерација во украинските региони Луганск и Доњецк. Србија би можела да употреби сила за воена „блиц криза“ до реката Ибар, создавајќи нова фактичка ситуација на теренот, користејќи ја предноста на постоечкиот западен фокус на Украина и создавајќи поволни услови во идните преговори, нормално, во функција на поделба на Косово“, напиша Ќехаја.

Тој истакна дека Косово, во соработка со КФОР, „мора да го заштити својот суверенитет“.

„Нормално дека треба да излеземе од својата зона на комфор и да мислиме дека другите ќе нè заштитат и поддржат по секоја цена. Потсетувам дека освен јакнењето на граничната заштита во северниот дел и останатите делови долж граничната линија меѓу Косово и Србија, треба да се преземат и други мерки. Паралелно треба да се работи со военото присуство на КФОР, зголемувајќи ја комуникацијата и интеракцијата за зачувување на интегритетот и суверенитетот на земјата. Покрај тоа, потребно е полициските единици да се стават во состојба на готовност, подразбирајќи го резервниот дел. Едниците на косовските безбедносни сили да ја следат ситуацијата, да го проучуваат теренот и да бидат спремни за акции на одбрана“, смета аналитичарот.

Тој наведе дека се подразбира дека во дипломатска смисла, Косово треба да биде мобилизирано и да создава стратегиска предност кога по подолго време се чини дека „Западот (ЕУ и НАТО) зборува со еден глас со цел заштита на демократските и либералните вредности, основите на кои е и создадена државата Косово“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе