Косовски аналитичар: Приштина не е спремна за продолжување на дијалогот

Сосема е извесно дека дијалогот на Белград и Приштина ќе биде одложен, наведе универзитетскиот професор и политички аналитичар Миљазим Красниќи од Приштина.

EPA-EFE

Според него, до одложувањето ќе дојде бидејќи Косово во овој момент не е спремно ни за технички, а не пак за политички дијалог.

„Владата е на стаклени нозе, а неизвесна е ситуацијата и во владејачката коалиција“, наведе Красниќи.

Според него, поранешниот косовски премиер и лидер на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај постојано врши притисок и го условува останувањето во владата со неговата кандидатура за претседател.

„Според тоа, Косово не е спремно, но не би требало да го одбива дијалогот како процес, но треба да причека да се нормализира внатрешната ситуација и дури по евентуалниот избор на претседател можеме да се надеваме дека дијалогот ќе продолжи“, вели аналитичарот.

Во последните денови можеа да се слушнат изјави на одделни политичари на Косово кои повикуваат на прекин на дијалогот со Србија, што според Красниќи не е добро.

По потврдувањето на обвинението и заминувањето на доскорешниот претседател Хашим Тачи во Хаг, на Косово покрај хроничната политичка криза која е долго присутна, се појави и институционална криза, која може да се надмине само со постигнување консензус меѓу политичките актери, смета Красниќи.

Тоа, меѓутоа, е нереално да се очекува бидејќи одредени партии оваа ситуација ја гледаат како поволен момент да дојдат на власт, истакнува тој.

„Владата е слаба затоа што има минимален број гласови во парламентот и најверојатно нема да може да издржи, поради различните притисоци, од пандемијата, економската криза, преку сиромаштијата до новите притисоци кои доаѓаат од Специјалниот суд во Хаг“, вели професорот.

Тој смета дека сега е тешко да се прогнозира кој ќе биде новиот претседател.

„Ја имаме кандидатурата на господинот Харадинај, но мислам дека таа е нереална“, оценува Красниќи и додава дека за избор на претседател е потребно присуство на најмалку 80 пратеници, што е невозможно, освен ако не влезе во коалиција до Демократската партија на Косово или ако не се направи некаков договор со движењето Самоопределување.

„Ако вака продолжи изборите се неизбежни“, заклучи Красниќи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе