Косово викендов избира нов парламент

Косово во недела гласа за парламент, петти пат за само 12 години и повторно е неизвесно дали по изборите ќе добие цврста влада способна да го изнесе целиот мандат.

Сите три најголеми партии – Демократската лига на Косово (ЛДК), Демократската партија на Косово (ПДК, која ја предводи претседателот Хашим Тачи и партијата Самоопределување решија да се натпреваруваат самостојно, без партнери и со сопствени кандидати за премиер.

Другите албански партии се групирани во две коалиции, со премиерот Рамуш Харадинај и неговиот Сојуз за иднина на Косово (ААК) и со Новиот сојуз за Косово (АКР).

Се натпреваруваат за 100 од 120 места во парламентот кои се наменети за Албанците, мнозинството на Косово. Со кандидатите на националните малцинства се пополнуваат останатите 20 места, од кои половина се резервирани за најмногубројното малцинство, српското.

Новата влада ќе мора да биде коалициска па како и досега се очекуваат макотрпни и долги преговори на непријателски расположените партнери со мали изгледи да состават цврста и трајна коалиција.

Речиси сите албански партии однапред исклучија коалицирање со ПДК на Тачи бидејќи сите тие, освен Самоопределување, биле во партнерство со таа партија и тврдат дека биле измамени.

„ПДК ги урна сите мостови за соработка кога ја истурка ЛДК од владејачката коалиција во 2017“, вели Љуфти Хазири од ЛДК.

Најгласниот, а понекогаш и сурово жесток критичар на Тачиевата ПДК е токму Самоопределување чии членови водеа улични протести и ја блокираа работата на парламентот фрлајќи солзавец во салата, а сега порачуваат дека по изборите на 6 октомври ПДК ќе мора во опозиција.

Според локалните аналитичари најголеми шанси да состават влада имаат ЛДК и Самоопределување со помал трет сојузник, но ќе мора да се соочат со многубројни предизвици.

Приоритетот на албанските партии е да обезбедат признавање или барем прекин на мешањето на Србија. Косово прогласи независност во 2008 година, десет години откако Ослободителната војска на Косово (УЧК) почна герилска војна против силите на режимот на Слободан Милошевиќ, но без особен успех сѐ до воздушните напади на НАТО врз воени и цивилни цели во Србија во 1999 година.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг осуди неколку истакнати српски политичари и функционери за злосторства во таа војна, додека водечките албански злосторници главно ги ослободи од вината. Новиот суд, исто така во Хаг, ги истражува тврдењата за заплашување на сведоците и лидерите на УЧК осомничени за воени злосторства.

Харадинај како осомничен во јули беше повикан во Хаг и поради тоа поднесе оставка што ги предизвика предвремените избори.

Многубројни истакнати политичари на косовските Албанци потекнуваат од УЧК па новите истраги и обвиненија можат да ја разнишаат политичката сцена.

Србија и Косово се под сѐ поголем притисок од ЕУ и САД да го решат спорот.

Преговорите под покровителство на ЕУ се заглавени со години, а каков било чекор напред веројатно ќе ги раскара косовските лидери кои се разидуваат во целите и условите кои би биле прифатливи за преговорите.

Косовската економија силно зависи од паричните инјекции на големата албанска дијаспора, а неопходни ѝ се реформи во управата и правосудството.

Огромен предизвик е корупцијата – Транспаренси интернешнел го вбројува Косово меѓу најкорумпираните држави во Европа.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе