Не се смирува насилството

Кошмарни ноќи во појасот Газа и Израел, судирот се заканува да прерасне во тотална војна (ВИДЕО)

Не се смирува насилството во појасот Газа и Израел - најлошо во последните неколку години. Хамас продолжува да ги ракетира израелските градови. Поради нападот на Тел Авив, аеродромот Бен Гурион беше затворен. Израелската војска одговори со воздушни напади врз цели во Газа. Бројот на жртвите достигна речиси сто, а убиени се најмалку 15 деца.

Фото: ЕПА

Додека во градовите со мешано население не стивнуваат уличните судири меѓу Евреите и Арапите, во кои беа линчувани најмалку две лица, за жителите од двете страни на жицата ова беше трета кошмарна ноќ. Конфликтот се заканува да прерасне во тотална војна.

„Израел полудел“, „Целиот Израел е нападнат. Ова е страшна ситуација“, велат сведоците.

Хамас и рано утрово лансираше ракети врз Тел Авив и кон Ерусалим. Израел продолжи да ги напаѓа исламските фракции во Газа, и покрај одлуката на американскиот претседател да го испрати својот личен пратеник Хади Амар во регионот.

„Очекувам и се надевам дека ова ќе заврши што порано. Се разбира, Израел има право да се брани. Имате такво право кога илјадници ракети паѓаат на вашата територија. Мислам дека ќе имаме добри вести во следните 24 часа. И мислам дека ќе ја ставиме ситуацијата под контрола“, рече Бајден.

Израел најави дека акцијата за казнување на Хамас штотуку почнува. Почнаа и апсења на палестинските демонстранти во мешаните градови, каде што беа запалени неколку возила и две синагоги.

„Видовме како арапските бунтовници палат синагоги, палат автомобили, напаѓаат полицајци, навредуваат мирни граѓани. Тоа е нешто што не можеме да го прифатиме. Ова е анархија. Ништо не може да го оправда. И ќе ви кажам и уште нешто - ништо не може да го оправда линчувањето на Евреите од страна на Арапите и ништо не може да го оправда линчувањето на Арапите од страна на Евреите. Нема да го прифатиме тоа. Тоа не сме ние, ниту ова насилство, ниту ова дивјаштво, ќе го вратиме редот во израелските градови“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Три единици на израелската војска се распоредени на границата со Газа: Падобранската бригада, Голанската пешадиска бригада и 7-та оклопна бригада. Војската чека можна наредба за копнена интервенција од политичарите.

Хамас, меѓутоа, порачува дека Евреите допрва ги чекаат изненадувања, а забележани се и првите конфликти на Западниот брег. Палестинскиот претседател го повика Израел да престане да ги окупира арапските територии.

„Особено им се обраќам на Америка и Израел: Преку глава сте ни! Одете си од тука! Оставете нѐ на мира! Ние сме ви трн во окото, но никогаш нема да ја напуштиме нашата земја. Прекинете ја окупацијата денес, што поскоро“, рече палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Во сенката на конфликтот, кој зема сè повеќе жртви, скоро 100.000 Палестинци денес го славеа Рамазан Бајрам пред џамијата Ал Акса во Ерусалим, со масовни извици: „Смрт за Израел“ и „Боже, подари ѝ победа на Газа“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе