Коронавирусот ја уби демократијата, Орбан сега има неограничена моќ

Може да се каже дека Унгарија веќе беше ослабена. Една деценија по неливералниот националистички премиер Виктор Орбан остави трага врз државните финансии, правосудството, граѓанското општество, слободното новинарство. Сега дури се реконфигурираше и изборната политика во корист на Орбановата владејачка партија Фидес, пишува Вашингтон пост.

Кога удри пандемијата на коронавирусот, будимпештанската волна демократија го дочека тој удар премнигу болна и ранлива.

Унгарскиот парламент во понеделникот го усвои контроверзниот предлог закон кој на Орбан му дава непречени овластувања со неограничено траење.

Орбан доби неограничена моќ на неограничено време. Тоа не е демократија

Парламентот е затворен, распишани се идни избори, постоечките закони можат да бидат укинати и премиерот сега има целосно право да менува што сака, одлучено е со декрет. Опозицијата се обиде да постави временско ограничување за овластувањата на Орбан во законодавството, но не успеа. Орбановото двотретинско мнозинство во парламентот му донесе целосна моќ.

Мерките се донесени како дел од владиниот одговор на глобалната пандемија. Унгарија извести дека во понеделникот вечерта има близу 450 случаи на зараза со коронавирусот, а Орбан заканата со вирусот веќе ја коментираше со политички соодветни називи. Го означи како закана која ја носат странските емигранти и така на граничната полиција на Унгарија практично ѝ даде уште поголемо оправдување за своите агресивни постапки.

„Промената на животот сега е неизбежна“, им кажа Орбан на пратениците минатата недела кога го оправдуваше предложениот нацрт-закон.

„Сите мора да ја напуштат својата комфорна зона. Овој закон дава овластувања и средства за одбрана на Унгарија“, додаде тој.

Законот за вонредни ситуации исто така предвидува петгодишна затворска казна за Унгарците за кои ќе се утврди дека шират лажни вести, како и затворски казни за оние кои му пркосат на задолжителниот карантин. Критичарите тврдат дека сѐ уште нема витална поддршка за државниот здравствен систем, додека Орбан си ги отвори картите за уште поголема доминациска контрола.

Орбановите противници во Европа ситуацијата во Унгарија ја гледаат како потенцијален пат кон диктатура

„Не знам ниедна демократија во која владата ефективно бара одврзани раце на неограничено време“, кажа Рената Уиц, директорка по компаративно право на Универзитетот на централна Европа во Будимпешта за Блумберг.

„Овој закон, кога ќе биде потпишан, речиси сигурно ќе стави дополнителен притисок на оние малку независни медиуми што останаа во Унгарија“, забележува Емили Тамкин од Њу стејтсмен. „Дезинформациите на еден човел се извештаи на друг човек за сѐ поголем нелиберализам.

Голем број Орбанови противници во Европа ова го гледаат како потенцијален пат кон диктатура. Пред парламентарните избори, водечките фигури во Брисел и Стразбур предупредија на „неодредената и неконтролирана вонредна состојба“ која може дополнително да ја наруши унгарската демократија.

Во понеделникот поранешниот италијански премиер Матео Ренци го напиша она што голем број либерални Европејци го чувствуваат – дека унгарскиот пат кон нелиберализам ги загрозува вредностите на Европската Унија во целина и дека би можел да заслужи исфрлање од неа.

Трамп го поддржа Орбан

Но, таквите драстични казнени мерки не носат ништо добро, особено во ситуација кога целиот континент пропаѓа во својата борба против вирусот. И Орбан има своите поддржувачи. Прикажа е како националистички херој за антиемиграциските популисти на Западот, а неговиот потег одлично го дочека и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Во понеделникот крајно десниот италијански политичар Матео Салвини ги бранеше новите овластувања на Орбан кажувајќи дека тоа е дел од „слободниот избор“ на демократски избраниот парламент. Со години партиите од десниот центар во Европа дозволуваа Орбановиот Фидес да се крие под нивниот чадор во Европскиот парламент, укажувајќи на неспособноста на Европа ефикасно да ја цензурира Унгарија.

Сега може ќе видиме нови повици за исфрлање на Фидес од тој конзервативен континентален сојуз.

Орбан и неговите сојузници ги отфрлија критиките на оние кои новиот закон го окарактеризираа како антидемократски, инсистирајќи дека мерките се привремени и дека ќе престанат веднаш што исчезне заканата од пандемијата.

Другите не се баш сигурни во тоа.

Израел и Полска го имаат истиот проблем

Унгарскиот премиер не е сам во искористувањето на оваа здравствена криза во своја политичка корист. Неговиот пат го следи и израелскот премиер Бенјамин Нетанјаху кој заканата од пандемијата ја искористи за она што обично се вика парламентарен државен удар, одложувајќи го сопственото судење за корупција, а потенцијално освојувајќи нов политички мандат за враќање на власта.

Во Полска опозициските партии се гневни за тоа како владејачката десничарска националистичка влада напредува во плановите за претседателските избори во мај, и покрај блокадата на државата и загриженоста дека вирусот е далеку пораширен отколку што признаваат властите.

Според анкетите, актуелниот претседател Анджеј Дуда би бил во далеку посилна позиција ако изборите не се одложат.

Иако заканата од пандемија бара од националните власти понекогап да употребат единствени овластувања во нужда, аналитичарите за време на актуелната криза предупредуваат од ризикот политичарите со демагогија да ја искористат загриженоста на јавноста за сопствена корист.

„Во вонредни ситуации може да постои потреба за остапување од одредени права и постапки, но сите такви мерки мора да бидат привремени, пропорционални и апсолутно неопходни од перспектива на јавното здравје“, вели Лидија Гал, истражувачка од Источна Европа на Хјуман рајтс воч, пишува Вашингтон пост, за Орбановата алчност за неконтролирана моќ.

„Нејасно формулираните одредби, како што може да се види во усвоените закони за здравсво за вонредни состојби, не ги исполнуваат тие критериуми, а сигурно не кога се поставени на неодредено време“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе