Зголемен бројот на кражбите

Коронавирусот им го уништува „бизнисот“ на мексиканските картели

Затворените граници и ограничувањето на воздушниот сообраќај доведоа до експлозија на цените на дрогата. Тоа го чувствуваат наркокартелите на кои им недостига и сировина за синтетичките дроги. Затоа се зголемуваат бројот на кражбите и борбите за територија, пишува Дојче веле.

Нема што не може да се најде на пазарот Тепито, велат Мексиканците. Облека од познати марки, монитори и телевизори, очила, дронови, мобилни телефони, се само мал дел од она што може да се купи во најголемата продавница под отворено небо во Мексико сити. Повеќето од тие нешта се кинески копии на западните производи, а „под тезга“ се продаваат дрога и оружје.

Лавиринтот од улички и тезги е под контрола на организираниот криминал. Бандата која во моментов го има главниот збор таму се вика Унион тепито. Оној кој сака таму да продава, ѝ плаќа на таа банда „такса“. И на тој начин криминалците неделно заработуваат стотици илјади пезоси.

Бидејќи, во Тепито производите се продаваат без гаранција и фискални сметки. Затоа цените се толку поволни што меѓу тезгите постојано се туркаат непрегледни редици купувачи.

Сега купувачи има неспоредливо помалку, а и испораките од Кина доцнат веќе два месеци. „Нашите посредници мораа да ги прекинат летовите за Кина, па повеќе немаме многу стока и наместо неа продаваме домашни и американски производи“, вели продавачот на чанти Едсон Наваро за телевизијата Телевиса.

Продажбата паднала за 50 отсто. Но, криминалниот клан и понатаму бара „кирија“ од продавачите, па продавачите се во тешка криза. Криминалците почнале со киднапирања и убивање на оние кои не им ја плаќаат редовната сума. Според медиумските извештаи, една група трговци се обратиле до градската управа и побарале да ги штити националната гарда.

Коронавирусот ги сопрел и испораките на хемикалии од Кина – оние кои служат за производство на синтетички дроги, особено фентанилот кој е замена за опиумот. Кинеската провинција Хубеи е еден од големите центри за бизнисот со дрога. Според извештајот на порталот Инсајт крајм, тој проблем ги погодил пред сѐ големите картели – Синалоа и Халиско нуева генерасион (ЦЈНГ).

Весникот Риодосе пишува дека лидерот на картелот Синалоа, Мајо Замбада, наредил драстично да се зголемат цените на синтетичките дроги. Така половина килограм метамфетамин попознат како кристал мет, чини 567 наместо досегашните 95 евра.

Шверцот на дрогата во САД исто така е делумно прекинат. „Пред пет дена последен пат пренесовме нешто, и тоа само три килограми. Имаме договори со граничната полиција и нашите шверцери знаат кои премини мора да ги користат. Но, сега голем број од премините се затворени, а работата стана поризична“, кажа за интернет порталот Блогделнарко еден шверцер од Мексикали.

Бидејќи се укинати голем број летови над Јужна Америка, органите за безбедност можат многу полесно на радарите да ги препознаат шверцерските авиони. Така, на пример, пред неколку дена во Хондурас бил лоциран мал авион натоварен со дрога кој морал принудно да слета – доаѓал од Колумбија а бил пријавен како амбулантно возило.

Порталот Инсајт крајм пишува дека вирусот им предизвикал на картелите тежок тест. „Големите организации како ЦЈНГ кои оперираат во многу стопански гранки и региони полесно ги поднесуваат тешкотиите и рецесијата“.

Иако насилството повеќе го нема во ударните вести, тоа не е намалено. Минатиот вторник била убиена една новинарка од Веракруз. Од воведувањето на карантинот на 23 март, според официјалните информации, убиени се 646 луѓе. Минатата година во просек имало 95 убиства на ден.

Во изминатите недели се зголемил и бројот на грабежи. Во сојузните држави Герера и Мичоакана, повторно се разгореле борбите на бандите за територија. Експертите сметаат дека сега ќе има повеќе меѓусебни пресметки на клановите и повеќе грабежи и провалувања.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе