Коронавирусот и правилото за 4 Целзиусови степени

Ковид-19 можеби влегол во Шпанија преку отпадни води што биле на вистинската температура за активирање вируси.

Со појавата на ковид-19 сите рефлектори се насочија кон Кина. Но што ако вирусот не се појавил во азиската земја, туку бил притаен низ целиот свет сè додека не нашол поволни услови за да заживее? Ова е она што Том Џеферсон од Центарот за медицина базирана врз докази (ЦЕБМ) од универзитетот Оксфорд, неодамна го навести во интервју за британски Телеграф.

Минатата недела шпански виролози открија траги од вирусот во примероци од отпадни води собрани во март 2019, девет месеци пред коронавирусот да биде откриен во Кина.

Италијанските научници исто така најдоа примероци од вирусот во Милано и Торино од средината на декември, многу недели пред да биде забележан првиот случај, додека експертите најдоа докази за траги во Бразил во ноември.

„Мислам дека вирусот веќе бил тука, a тука значи насекаде. Можеби гледаме еден потенцијален вирус, кој бил активиран од условите во животната средина“, рече експертот. Џеферсон поднел и барање да се испита зошто вирусот напредува во околини како што се фабриките за храна или оние за пакување месо, со цел да се откријат нови начини на пренесување во студени услови, кои му се омилени на вирусот.

Идеална температура за да се стабилизира и да се активира коронавирусот е 4 Целзиусови степени. Професорот откри дека највисоката концентрација на вирусот во отпадните води била на таа температура, тврдење поддржано и од низата неодамнешни истражувања што ги пронајдоа трагите од коронавирусот во примероци од отпадни води од Шпанија, Италија и Бразил, кои му претходат на откривањето на вирусот во Кина. Ова значи дека азиската земја можеби не е главниот виновник затоа што ковид-19 можело да биде активиран на овој начин. Затоа и оваа температура е честа во фабриките за пакување месо.

 

Може ли вирусот да преживее во нашите фрижидери?

Истражувањата од Универзитетот во Хонг Конг објавени пред неколку месеци во Лансет се совпаѓаат со теоријата на Џеферсон. Истражувачите го одгледувале вирусот 14 дена, забележувајќи го неговото опстојување на различни површини, и утврдиле дека вирусот е многу стабилен кога е на 4ºC, температурата на домашните фрижидери. Во овие услови тој може да трае до две недели.

Ова е причината зошто, иако не е научно докажано дека храната може да го пренесува вирусот, националните агенции за безбедност на храната советуваат темелно да ги миете рацете пред да ги складирате продуктите што сте ги купиле. Оставете ги на собна температура неколку часа оние производи што не мора итно да се стават во фрижидерот на ниска температура. Тие исто така препорачуваат почесто чистење на фрижидерот со средства за дезинфекција, вели шпански АС.

 

Присуство на различни површини

Студијата открила дека вирусот е многу стабилен на 4ºC, но е мошне осетлив на топлина. Како што температурата се зголемува, вирусот станува помалку отпорен и порано умира. За да ја испитаат стабилноста на неговата заразност, истражувачите поставиле ситен примерок од културата на коронавирусот на различни површини (дрво, облека, стакло...) во околина од 22 Целзиусови степени и влажност од 65%, што е она што можеме да го имаме и дома. Потоа, тие ги собирале примероците со временски распоред: 30 минути, три часа, еден ден... И така натаму до седум дена.

Забележале дека на површините како што се хартија или облека вирусот по три часа повеќе не може да се открие. Вториот ден не може да се најде на дрво. Сепак, на мазните површини (стакло и банкноти) е постабилен. Морале да чекаат сè до четвртиот ден за да исчезнат трагите од заразниот вирус на стакло и банкноти и до седмиот ден на не'рѓосувачки челик и пластика. Интересно е тоа што надворешноста на хируршката маска е таму каде што тој трае најдолго. Таму може да биде присутен и седмиот ден.

Во принцип, вирусот може да биде стабилен на собна температура, но добрата вест е дека, според студијата, тој е тешко оштетен со вообичаените методи за дезинфекција. Научниците тестирале разни средства за дезинфекција на домаќинствата во гореспоменатите услови на 22 °Ц и 65% влажност и сите биле мошне деструктивни.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе