Шефот на руската дипломатија ќе ги посети Србија, Грција и БиХ

Комерсант за посетата на Лавров на Балканот: Обид за зачувување на влијанието, користејќи ги Србија и Република Српска

Со посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Балканот, Москва се обидува да го зачува своето влијание во регионот, користејќи ги пред се посебните односи со Србија и Република Српска, пишува денес московскиот дневник Комерсант.

EPA-EFE

Комерсант пишува дека посетата на Лавров се случува во време кога Европската Унија најави амбициозни планови за инвестирање во регионот до 20 милијарди евра, а Европската комисија на балканските проекти издвојува до девет милијарди евра до 2024 година.

„Толку амбициозните планови станаа реална потврда на намерата на ЕУ да го зајакне своето присуство во регионот по неколкуте години фактичко самоодалечување од балканските прашања“, пишува рускиот весник.

Потсетува дека Лавров ќе ги посети Грција, БиХ и Србија и оценува дека иако дневниот ред на тие посети е различен, тие сепак имаат заедничка карактеристика.

Комерсант наведува дека токму со тој фактор регионалните експерти ја поврзуваат смислата на балканската турнеја на Лавров.

„Балканот е голем геостратегиски приоритет на Русија која планира да го искористи сегашниот релативен вакум, кога многу балкански земји сѐ уште не се многу приближени на ЕУ“, го цитира весникот хрватскиот аналитичар на Јутарњи лист Владо Вурушиќ.

Вурушиќ за Комерсант вели дека Русија својата балканска стратегија ја спроведува главно преку Србија, која ја смета за „клучен партнер во регионот“.

Комерсант пишува дека Лавров има многу теми за разгледување при посетата на Белград.

„Главното прашање е колку претседателот Александар Вучиќ е спремен и понатаму на дело, а не на зборови, да биде стратегиски партнер на Русија во регионот“, пишува весникот.

Комерсант потсетува дека на почетокот на септември Вучиќ во Вашингтон потпиша договор за економска нормализација со Косово, додавајќи дека неговата реализација може да има „сериозни геополитички последици, слабеејќи ја зависноста на Србија од рускиот гас и обезбедувајќи приклучување на Белград и Приштина на системот за безбедност кој е под контрола на САД“.

Весникот додава и дека Белград минатата недела направи „недвосмислен гест кон Москва“, кога потврди дека отвора претставништво на министерството за одбрана на Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе