Комерсант: Вучиќ, заинтересиран за нестабилност на своите соседи, го одвлекува вниманието од Србија

Устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополитот Јоаникије на Српска православна црква (СПЦ) во Цетињскиот манастир доведе до сериозна политичка дестабилизација во Црна Гора, пишува московскиот весник „Комерсант“.

Фото: ЕПА

Протестот, на кој учествуваа илјадници луѓе, беше задушен со сила од страна на полицијата, а митрополитот Јоаникије и патријархот на СПЦ Порфирио специјалците со воени хеликоптери ги префрлија до манастирот, се наведува во весникот во написот насловен „Црногорско десантно устоличување“.

Експертите веруваат дека на Црна Гора сега ѝ следува период на дестабилизација, што според нивното мислење можеше да се избегне доколку устоличувањето не се одржеше во манастирот на Цетиње, туку во кој било друг храм. Ваква одлука можеше да донесе самата Српска православна црква или Владата на Црна Гора, која ќе забранеше какви било настани на Цетиње, пишува весникот.

Весникот додава дека и Српската православна црква и премиерот и вицепремиерот на Црна Гора биле против поместување на церемонијата и забрана на протестот.

Многу експерти причината ја гледаат во фактот што актуелната влада на Црна Гора и Српската православна црква се „под силно влијание на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој можеби е заинтересиран за нестабилност на соседите, со цел да го одвлече вниманието од проблемите во својата земја“, пишува Комерсант.

Весникот го цитира историчарот и политиколог Миливоје Бешлин, кој вели дека постои основано верување дека сите одлуки во врска со кризата на Цетиње ги донел претседателот на Србија.

Комерсант ги наведува и зборовите на црногорскиот политиколог Златко Вујовиќ, кој смета дека „инсистирањето на нешто што може да доведе до конфликт е првенствено политички потег на Српската православна црква во функција на Вучиќ - а тоа е дестабилизација на регионот, што е токму она што се случува“.

За опасноста од дестабилизација во Црна Гора зборува и сериозниот раскол меѓу православните верници, пишува весникот, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на професорката Оливера Комар од Универзитетот во Подгорица, според кои мнозинството православци се поддржувачи на СПЦ (43 проценти), но сепак таа црква нема „духовен монопол“.

Весникот наведува дека 21% од православните верници ја поддржуваат непризнаената Црногорска православна црква, додека 35% би сакале да не избираат меѓу нив и сакаат единствена православна црква.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе