Комерсант: Целта на посетата на Путин е тест за Белград

Посетата на Владимир Путин на Белград има политичко значење и треба да даде одговор на прашањето дали Србија е спремна да биде клучниот сојузник на Москва во регионот, пишува руски Комерсант.

Ако не, Србија ќе го продолжи зближувањето со ЕУ и НАТО, балансирајќи меѓу Западот и Русија, се оценува во денешното издание на московскиот весник.

Се оценува дека претседателот на Србија Александар Вучиќ во последно време активно ја турка идејата за разграничување со Приштина, како услов за нормализација на односите, без што е невозможна интеграцијата на Србија во ЕУ.

„Москва е скептична кон договорот на Србија и Косово, кој го сака ЕУ, стравувајќи дека ќе стане протекторат на НАТО. Во Москва не брзаат ни да ја поддржат идејата за новото разграничување, сметајќи дека со тоа Белград фактички ќе го признае Косово. Така и по денешните разговори за косовскиот проблем, толкувањата на двете страни може да бидат сосема различни, како и по октомвриската средба во Москва“, оценува весникот.

Несогласувања меѓу Москва и Белград има и за уште едно принципиелно прашање, пишува Комерсант, наведувајќи дека станува збор за хуманитарноот центар во Ниш.

Незадоволство во Москва предизвикува и тоа што Србија, која Москва ја смета за „клучен сојузник на Балканот“, во последните години презема низа чекори кон НАТО, наведува рускиот весник.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе