Колку тенкови има Србија? (ФОТО)

Колку тенкови има Србија е воена тајна, но судејќи по мапата која кружи по социјалните мрежи, Србија по Русија и Грција има најмногу тенкови во Европа.

Како што пишуваат српските медиуми, на социјалната мрежа Твитер беше објавена мапа на Европа на која е прикажано колку која држава има тенкови на 100.000 жители.

Според таа мапа, Србија е на третото место во Европа бидејќи има 9,17 тенкови на 100.000 граѓани. На првото место е Русија со 14,1 тенк, на второто Грција со 12,35 на 100.000 жители.

Ако се земе предвид најчестиот податок дека Србија има седум милиони жители, тоа би требало да значи дека Србија има 642 тенка. Сепското министерство за одбрана, меѓутоа, демантираше дека Србија има 9,17 тенкови на 100.000 жители.

„Тоа не е точен податок, но не можеме да ви кажеме колку имаме тенкови“, порача српското министерство.

Воениот аналитичар Александар Радиќ, меѓутоа, истакнува дека е вистина дека Србија има најмногу тенкови во регионот, и тој за Блиц изнесе проценка дека српската војска располага со 251 тенк.

„Треба да се направи разлика меѓу тенковите кои се наоѓаат во магацините, оние во единиците и оние кои се најмногу активни на обуките. Ние имаме четири батаљони со по 53 тенка: во Сремска Митровица, Краљево, Ниш и Врање. Покрај тоа имаме уште тенкови на Пауљански ливади и во Центарот за обука во Пожаревац. Кога сѐ ќе се собере тоа се 251 тенк, што е импресивен број во однос на многу земји“, истакнува Радиќ.

Според него, Унгарија, Македонија, Бугарија, БиХ па дури и Франција имаат по само еден батаљон со тенкови.

„До неодамна имавме ист број тенкови со Германија. Тоа е нашето наследство од војните поради кои останавме замрзнати во погрешен систем на вредности додека современите војски го намалуваат бројот на тенкови“, објаснува Радиќ.

Блиц додава дека Србија би требало да добие уште 30 тенкови Т-72 од Русија кои ќе стигнат како дел од донацијата која уште се состои од шест борбени авиони МиГ-29 и МиГ-30 и оклопни извиднички возила БРДМ-2.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе