Статистика на сојузната агенција за труд

Колкави се платите во Германија: За странците речиси 900 евра помалку отколку за домаќините

Вработените странци во Германија заработуваат многу помалку од домашните државјани, покажува статистика на германската сојузна агенција за труд, пренесува Дојче веле.

EPA-EFE

Додека германските државјани во минатата година имале месечен среден приход од 3.509 евра бруто – значи пред плаќањето на даноците и придонесите – кај странците таа вредност била 2.614 евра.

Тое е за дури 895 евра или за четврт помалку.

Не станува збор за просекот туку таканаречената медијана, ведноста под и над која се наоѓа по тчно половина од сите приходи.

За разлика од просекот, таа вредност го ублажува влијанието на многу ниските и особено многу високите плати и се смета дека подобро зборува за стандардот на „обичниот“ човек.

Разликата меѓу Германците и странците е особено драматична кога станува збор за дојденците од Сирија, Авганистан или Еритреја кои заработуваат 1.475 евра помалку од домашните.

Статистиката ја соопшти сојузната влада во одговор на пратеничко барање од редовите на Алтернатива за Германија.

Особено паѓа во очи колку разликите се зголемиле во претходните години – така во 2010 година разликата била 11,6 отсто (317 евра).

Разликата не може да се препише само на образованието бидејќи таа постои дури и кај неквалификуваните работници – странците тука добиваат 415 евра помалку од Германците.

Неквалификуваните работници од регионот заработуваат притоа 208 евра помалку месечно, додека луѓето од бегалските земји имаат 657 евра помалку месечно.

Во таканаречениот „сектор на ниски плати“ рабоат едвај 16 отсто од сите германски вработени, додека кај странците тој удел е 37 отсто.

Германската влада ја толкува разликата во платите со тоа што работниците од странство често имаат помалку искуство и стручност.

Според одговорот на владата, вработувањето повеќе странци може да има „ефект на притсок врз средната заработка“.

„Луѓето кои тукушто се доселиле, во Германија се на почетокот на кариерата“, вели Херберт Брикер од Институтот за истражување на работата при Агенцијата за труд.

„Нивните плати во текот на кариерата значително ќе растат“, кажа тој.

Рене Шпрингер, пратеникот на Алтернатива за Германија која го постави ова прашање на владата, вели дека „доселувањето не смее да води кон дампинг на заработките“.

Неговата партија остро се противи на масовното доселување, пред сѐ на примањето азиланти.

Брикер, пак, вели дека „доаѓањето на емигрантите има само маргинално влијание врз платите“.

Разликите, сметаат во владата во Берлин, можат да се намалат со законски пропишаната минимална плата која постои неколку години, и поттикнувањето странците да се усовршуваат во Германија.

Според Сојузната агенција за труд, во последниот месец минатата година полно работно време во Германија имале 21 милион домашни државјани и три милиони странци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе