Кој стои зад убиството на иранскиот генерал – Помпео или директорката на ЦИА?

Државниот секретар на САД Мајк Помпео бил иницијаторот на одлуката на претседателот Доналд Трамп да го одобри нападот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани, пренесува Си-ен-ен, додека Њујорк тајмс тврди дека зад тоа стои директорката на ЦИА Џина Хаспел.

Извори од американската администрација тврдат дека нападот врз проиранските трупи во Ирак бил потег со висок влог кој го покажал статусот на Помпео како највлијателен функционер за национална безбедност во Вашингтон.

Отстранувањето на лидерот на елитната единица на Револуционерната гарда „од бојното поле“ била целта на највисокиот американски дипломат веќе една деценија, ја пренесува Си-ен-ен изјавата на неименуван функционер кој тврди дека Помпео со предлогот излегол пред Трамп.

Според извори блиски до Помпео, државниот секретар за време на својата кариера верувал дека Иран е коренот на сите проблеми на Блискиот Исток и се фокусирал на Сулејмани, „командантот во сенка“, кој според него стоел зад тероризмот низ тој регион.

Како поранешен дипломец на Вест поинт кој сѐ уште има многу пријатели во војската на Блискиот Исток, Помпео бил уверен дека Сулејмани е виновен за смртта на стотици американски војници, како и дека е архитект на иранските воени операции во Ирак и Сирија.

Изворот вели и дека Помпео кажал дека „нема да се повлече од јавната служба сѐ додека не го тргне Сулејмани од бојното поле“.

По изјавата дека нема да се кандидира за сенатор во Канзас, речиси е извесно дека Помпео ќе продолжи со влијанието во Трамповата администрација, каде, според Си-ен-ен, е на ранг на „државен секретар, министер за одбрана и директор на ЦИА“.

Меѓутоа, Њујорк тајмс пренесува дека друга личност влијаела врз Трамповата одлука целосно предвидувајќи ја реакцијата на Иран.

Директорката на ЦИА Џина Хаспел оценила дека заканата која ја претставува иранскиот генерал е поголема од заканите од реакцијата на Иран доколку тој биде убиен, наведуваат извори од американската администрација.

Таа дури предвидела ракетирање на базите со американски трупи како најверојатна реакција на Техеран, што и се случи во вторникот.

Весникот наведува дека Џина Хаспел формално не зазела став за тоа дали Сулејмани треба да биде убиен, нејзината анализа се толкува како уверување на ЦИА дека неговата ликвидација би ги зајакнала, а не ослабела, позицијата на САД и безбедноста на Блискиот Исток.

Претходно се нижеа различни сценарија за можната одмазда на Иран за убиството на Сулејмани кои вклучуваа ракетни напади, терористички акти против Американците на Блискиот Исток или напад на стотици припадници на проиранската милиција врз воздухопловната база Ел Асад.

Добрата проценка на американската разузнавачка служба придонела на тоа проектилите да уништат празни хангари и хаварисани авиони, па немало загинати американски или ирачки војници, пишува Њујорк тајмс.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе