Кој е вистинскиот губитник во војната со санкции меѓу Русија и ЕУ?

Трговската војна на релација Брисел-Москва, која од вчера повторно се разгорува, колку и да е болна за Русија, по сѐ узгледа ќе биде подеднакво, ако не и поштетна за ЕУ.

ЕУ вчера ѝ воведе нов пакет санкции на Русија поради нејзината „вмешаност“ во украинската криза. На мета на санкциите се руските нафтени гиганти – Роснефт, Транснефт и Газпромнефт, на кои им е забранет пристапот на европскиот финансиски пазар, а санкциите опфаќаат и пет големи банки – Збербанк, ВТБ, Газпромбанк, ВЕБ и Роселхозбанк, кои се опфатени и со санкциите од 31 јули.

Ограничувањата за позајмици и инвестирање на европскиот пазар им беа воведени на овие банки поради нивната поврзаност со нафтените гиганти, а на „црната листа“ се најде и рускиот произведувач на оружје Калашников и уште осум големи имиња од одбрамбената индустрија.

На мета на Брисел се и луѓе блиски на Кремљ, како директорот на руската индустриска корпорација Ростех Сергеј Чемезов, кој се смета за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин уште од времето кога двајцата биле агенти на КГБ во источна Германија во 80-тите години.

Меѓу 24-те лица на кои им се забранети патување и работење во ЕУ е и Владимир Жириновски, пратеникот на Думата и лидер на сктремно националистичката Либерално-демократска партија, како и премиерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Александар Захарченко.

Сѐ на сѐ, на мета на санкциите на ЕУ, САД, Канада, Јапонија, Австралија Швајцарија и Норвешка од вчера се 420 Руси и 143 компании.

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпеј вчера соопшти дека санкциите ќе бидат целосно или делумно укинати уште кон крајот на месецот доколку ЕУ процени дека мировниот план за Украина се спроведува, а за кој сѐ уште траат преговорите.

Русија најави контрамерки, кои би можеле да опфатат забрана за увоз на половни автомобили и стоки за широка потрошувачка од ЕУ, како и забрана за прелетувања на цивилни авиони преку руската територија.

ЕУ со новите санкции наводно му испраќа политички сигнал на Кремљ дека мора да се „држи“ до мировниот план за Украина, додека економските експерти анализираат колку казнувањето на нафтените, економските и воените гиганти може да и нанесе удар на руската економија, а истото да не им се сличи и на економиите на државите членки кои тесно соработуваат со Русија.

Аналитичари за Би-би-си наведуваат дека новиот пакет санкции е „потенцијално опасен“ за руската економија, која бележи пад. Индексите на руското стопанство не се нималку светли и зборуваат дека Русија се „тетерави на работ на рецесијата“, дека раст не забележан од април до јуни, а дека цела мината година изнесувал само 1,3 отсто.

„По неколкугодишниот замав благодарение на приходите од гасот и нафтата, економијата сека се соочува со помал прилив на инвестиции и капитал“, оценува британската новинска мрежа.

Но, се поставува прашањето дали некои членки на ЕУ повеќе ќе настрадаат од другите во блокот поради санкциите кон Москва, бидејќи не се сите на ист начин поврзани со рускиот пазар кои за дел од европските компании стана рај за извоз на своите производи.

Германија е една од оние земји кои дефинитивно не се имуни на санкциите, имајќи предвид дека извозот во Русија минатата година достигнал неверојатни 38 милијарди евра, што е воедно и најголемиот извоз во ЕУ.

Што е уште поважно, Германија задоволува 30 отсто од своите потреби со руски нафта и гас, додека таа бројка се качува на речиси 100 отсто кај земјите од поранешниот руски блок.

Европските извозници на храна веќе бележат огромни загуби откако Русија воведе ембарго на увоз на голем број прехрамбени производи од ЕУ како моментален одговор на претходната рунда санкции на Брисел.

Затоа не задучува тоа што по вчерашните мерки Унгарија побара од ЕУ на дневен ред на состанокот на Специјалниот комитет за земјоделство да ги стави субвенциите за овошје и зеленчук, откако Брисел неделава ја сопре исплатата на помошта за земјоделците кои се погодени од руското ембарго на увоз на овошје и зеленчук од ЕУ, наводно поради измами во побарувањата.

Гласот го кренаа и германските медиуми кои предупредуваат дека европските енергетски компании утврдиле опаѓања во испораката на гас од „Путиновата империја“.

„Тешко е да се замисли дека станува збор само за технички проблем. Поверојатно е дека Русите ги покажуваат своите инструменти за мачење. Тие не ни мораат целосно да го прекинат снабдувањето со гас. Намалената испорака во тек на неколку недели е сосема доволно нервозата да завладее со Европа“, пренесува Дојче веле.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе