Кој е каталонскиот професор и политичар кого Шпанците го осудија на 13 години затвор

Мистериозниот професор со пријатен карактер и една од клучните фигури на каталонското сепаратистичко движење Ориол Жункерас го поднесе најголемиот товар на пропаднатиот обид за осамостојување, настанот кој ја предизвика најголемата политичка криза во Шпанија од смртта на Франциско Франко.

Жункерас, професорот кој стана политичар, беше осуден во понеделникот на 13 години затвор за својата улога во забранетиот референдум на 1 октомври 2017 и подоцнежното прогласување независност.

Долгогодишен поборник на каталонската независност и во тоа време потпретседател на регионалната влада, Жункерас беше највисоко рангираниот од 12-те поранешни каталонски функционери изведени на судење, бидејќи првиот човек на движењето Карлес Пучдемон избега во странство.

Педесетгодишниот татко на две деца реши да остане и од тогаш веќе мина две години во притвор.

Тој за себе тврди дека е политички затвореник, што Шпанија категорично го негира.

„Прогонуван сум поради своите идеи, а не поради делата“, кажа тој на суд во февруари.

Иако е зад решетки, успеа да го задржи својот статус во Каталонија и избран е во шпанскиот и европскиот парламент.

Роден во Барселона на 11 април 1969 година, тој живее со таткото учител и мајката медицинска сестра и се образувал во италијанско верско училиште.

Иако е дискретен кога му е детството во прашање, за каталонскиот весник Ла Вангардија кажа дека почнал да ја поддржува независноста кога имал осум години.

Полиглот кој покрај мајчиниот јазик зборува шпански, англиски и италијански, како доктор на историски науки предавал на Автономниот универзитет во Барселона и на јавноста ѝ стана познат како водител на историски емисии на каталонската радио-телевизија.

Во 2007 од училницата се преселил во политиката, прво како локален советник, потоа како европарламентарец и од 2011 како градоначалник на Сант Виченц дел Хортс, регион на Барселона.

Истата година го презема лидерското место во Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), партија која тогаш чмаела во просечноста, а тој за неколку години ја претворил во водечка сила на заговорниците на независноста.

Партијата продолжи да ја предводи од затвор обидувајќи се да ги придобие оние Каталонци, а такви има нешто повеќе од половина, кои се противат на одвојувањето од Шпанија.

„Ни кажа: Соочен сум со многу тешка казна, но не смееме да се откажеме од нашата политика, не смееме да се откажеме од дијалогот“, раскажа пратеникот на ЕРЦ Габриел Руфијан.

„Можеби ќе звучи претерано, но имаме наш Мандела“, додаде тој.

Жункерас во 2016 стана каталонски претседател и беше задолжен за организацијата на забранетиот референдум.

Еден од поранешните членови на неговиот кабинет, кој сакал да остане анонимен, го опиша како „многу решителен и строг“.

Новинарот Жаоким Кол вели дека Жункерас и покрај својата „речиси свештеничка реторика“ е вистински „фундаменталист“ кога станува збор за независноста и не е личност „на која може да ѝ се верува“.

Иако е човек кој бара недвосмислена лојалност, Жункерас има репутација на личност која избегнува тешки прашања, а на многумина, дури и на оние во непосредна близина, им останал мистериозен.

„Сѐ уште се прашувам кој е всушност Жункерас“, призна во своја неодамна објавена книга Санти Вија, еден од тројцата поранешни каталонски функционери кои на судењето во Мадрид не добија затворска казна.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе