Лидерот на Двери

Кој е Бошко Обрадовиќ, најпроблематичниот лидер на српската опозиција?

Гневната толпа вчера во Белград упадна во просториите на државната телевизија РТС предводена од Бошко Обрадовиќ, српскиот пратеник на клерикално конзервативната партија Двери. При заземањето на зградата Обрадовиќ не се воздржуваше ни од физичка пресметка со вработените, и тоа сѐ за во програмата на јавниот сервис да може да им се обрати на граѓаните.

Но, кој е всушност овој политичар кој ги предводи конзервативците во Србија? Тој е, всушност, примерен политичар кој во 2017 година во регионот се прослави со говорот против геј лицата кој го одржа во српскиот парламент.

Обрадовиќ пред две години стана инстант ѕвезда чиј спомнат говор масовно се споделуваше по социјалните мрежи. Со класичниот наратив за тоа како од правата на ЛГБТ лицата постојат поважни прашања како обесправените работници за кои државата не се грижи и дека геј лобијата го преземаат инаку традционалното и верски ориентирано општество, Обрадовиќ ги одушеви националистите во регионот.

Организацијата Двери, која ја основа за време на студирањето, кон крајот на 2016 година го потпиша глобалниот антигеј манифест на тогаш настанатата Меѓунарона организација за семејството.

Со потекло од Враниќ, село покрај Чачак, се школувал во Белград каде на Филозофскиот факултет студирал србистика. Во текот на студиите во 1999 со двајца колеги го почнува списанието Двери српске кое со време ќе стане еден од водечките магазини за национална култура.

Од тој круг во 2003 година основано е и здружението Српски сабор Двери, една од најактивните и најгласни организации во Србија чии главни насоки се национализмот, евроскептицизмот и антиглобализмот.

Една година претходно Обрадовиќ дипломирал на темата „Милош Црњански и новиот национализам“, за потоа да работи во издаваштво, да објави неколку книги и стотици текстови на темата на српскиот национализам. Двери се спротивставија на независноста на косово, го негираа геноцидот во Сребреница а особено се истакнуваа со своите активности против геј-парадите кои тие години се одржуваа во Белград во речиси опсадна состојба.

Осум години подоцна, во 2011, Српски сабор Двери објави влегување во политикаа и следната година излегоа на парламентарните избори со листа „Двери за живот на Србија“. Освоија 4,34 отсто од гласовите и не влегоа во парламентот. Четири години подоцна исто така не го минаа прагот. Но на вонредните избори во мај 2016 година Двери, сега веќе политичка партија, освоија седум мандати и Обрадовиќ стана пратеник.

Во парламентот на Србија Обрадовиќ го привлекува вниманието со неконвенцонално однесување. Во текот на октомври 2017 кога го објаснуваше предлогот на Двери на дневен ред да се стави резолуција за Косово во рацете држеше поголем камен за кој кажа дека е од Косово и ги рецитираше стиховите на песната „Татковина“ на Ѓура Јакшиќ „и овој камен на земјата Србија“.

Истиот месец во српското собрание го „повлече“ за вратоврската пратеникот на Српската напредна партија Марко Атлагиќ за што доби опомена, а подоцна тврдеше дека станува збор за меѓусебна шега.

Минатата година неговата партија Двери остро се противеше на воведувањето на законот за рамноправност на половите. Поимот род на регионалните националисти дејствува како црвено шамивче на бик.

„Во Србија не живеат „родови“ или „родови идентитети“, туку жени и мажи, девојчиња и момчиња, синови и ќерки, татковци и мајки, сестри, браќа, тетки“, објаснуваа од партијата Двери.

Но, приватно, иако силно се залага за семејството, семејните вредности и бракот како свети нешта, Обрадовиќ, татко на три деца, се разведе за повторно да се ожени.

Од активистички маргиналец до собраниски пратеник, Обрадовиќ вчера стана своевидно прво лице на протестите кои почнаа поради физичкиот напад на Борко Стефановиќ, претседателот на малата социјалдемократска партија Левица на Србија.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе