Кои се водачите на талибанците?

Талибанските борци брзо освоија големи делови од Авганистан и на крај и главниот град Кабул, 20 години откако силите предводени од Соединетите Држави ги соборија. Ова се некои од најважните лидери на групата.

Фото: ЕПА

Мавлави Хаибатула Акундзада

Тој е врховен лидер на талибанците, што е позиција што ја зазеде по смртта на неговиот претходник Актар Мансур во американски напад со беспилотно летало во 2016 година. Тој претходно беше судија во правосудниот систем за време на претходната талибанска администрација во Авганистан. По американската инвазија во 2001 година, избега преку границата во Пакистан. Не се појавуваше многу во јавноста и претежно објавуваше пораки за време на исламските празници.

Мула Абдул Гани Барадар

Барадар е заменик-шеф за политички прашања на талибанците и еден од основачите на групата. Тој исто така избега во Пакистан во 2001 година, а во 2010 година беше уапсен во Карачи во заедничка акција на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и пакистанските антитерористички сили.

Додека администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп водеше мировни преговори со талибанците во 2018 година, го убеди Пакистан да го ослободи Барадар. Потоа тој го надгледуваше талибанскиот преговарачки тим за време на разговорите во Доха во Катар и во септември 2020 година се состана со тогашниот државен секретар Мајк Помпео.

Барадар во вторникот пристигна во Кандахар со авион, враќајќи се во Авганистан за првпат по 20 години.

Мула Мохамад Јакуб

Синот на основачот на талибанците Мула Омар, кој почина во 2013 година, Мула Мохамад Јакуб, ги надгледува воените операции на групата и служи како заменик-водач. Акундзада го назначи на таа позиција во мај 2020 година. Тој претходно беше шеф на талибанската воена комисија задолжен за половина од авганистанските провинции. Во извештајот на Обединетите нации во јуни се вели дека Јакуб и другиот висок лидер Сираџудин Хакани „се противеле на мировните преговори и се залагаат за воено решение“.

Сираџудин Хакани

Тој е водач на мрежата Хакани, милитантна група што САД во 2012 година ја означија како странска терористичка организација, и организатор на еден од најтешките напади врз американските коалициски сили за време на војната. Хакани е син на основачот на мрежата Хакани - Џалалудин Хакани и еден од замениците водачи на талибанците.

Американското Министерство за правда понуди награда од 10 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на Хакани.

Мавлави Абдул Хаким

Хаким е свештеник на тврдата струја и близок соработник на Акундзаде. Тој го предводеше талибанскиот преговарачки тим на мировните преговори во Доха, а беше на чело на нивниот правосуден систем, кој беше спроведуван во областите контролирани од оваа група во Авганистан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе