Блиц

Кои се специјалните единици ЊСО, поранешни РОСУ

Специјалната единица ЊСО, за која се знае многу малку, малку се пишува и ретко се зборува, е создадена во 1999 година, кога на Косово пристигна специјалната полиција на УНМИК (ЦИВПОЛ), со цел да ги обучува локалните полициски сили.

Ги обучуваа шефот на ЦИВПОЛ, Американецот Ангел Квеипо и неговиот заменик Џим Ренфрау, кои важеа за професионалци во операции за сузбивање шверц на наркотици, апсење по потерници и разбивање демонстрации, но се тренирани и од експерти од САД, Германија, Велика Британија, Франција и Турција.

Веќе во 2000 година, Ренфрау ја презеде функцијата шеф на единицата, која беше базирана на Косово Поле, и требаше да биде регионална по потреба, а за време на неговиот мандат името ѝ беше променето во РОСУ (Регионална оперативна единица за поддршка) и во секој регион на Косово беше поставена по една, вели Блиц.

По едностраното прогласување независност во 2008 година, името ѝ беше променето во Специјална оперативна единица (Њесиа специале оперативе - ЊСО), кое се користи и денес, а за командант на оперативните сили на косовската полиција е поставен Рашит Калај.

Од вооружувањето што го користат се споменуваат пиштоли „глок 19“, „хеклери МП-5“, АК 47 модифициран калашников, солзавец и во некои случаи и снајпери.

Овие единици, се наведува, се активираат за време на големи немири, протести, поризични апсења и слично, а главно служат за растурање демонстрации, заштита на политичари, или учествуваат во акции за пронаоѓање дрога.

Приштинските медиуми за нив пишуваат многу малку и мошне ретко, првенствено за тоа колкави им се платите и дека вежбаат во поранешната база на КФОР „Белведере“ во Јужна Митровица, која КФОР им ја отстапи во 2011 година.

ЊСО неколку пати интервенираше на северот на Косово - во 2011 година, кога Србите поставија барикади на северно Косово, по што ЊСО влезе на територијата на Зубин Поток и апсеше Срби за убиството на косовскиот специјалец Енвер Замбери.

Во март минатата година учествуваа во апсењето на директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе