Според статистиките во Кина

Кои се најзагрозените групи луѓе и зошто во Италија умираат толку многу пациенти со ковид-19

Бидејќи стапките на смртност од ковид-19 многу варираат низ целиот свет, можеби се прашувате за вашите шанси да преживеете ако се заразите со вирусот. Нема едноставни одговори - но има некои работи што ве ставаат во поголем ризик.

Не е чудно тоа што луѓето се збунети околу тоа колку е смртоносен вирусот, со оглед на различните бројки и противречните информации. Во почетокот на март Светската здравствена организација (СЗО) објави глобална стапка на смртност од 3,4 отсто. Сепак, Италија - епицентарот на пандемијата во Европа - објави стапка на смртност од над 7 проценти. Во меѓувреме, според процената на СЗО, стапката на смртност во Шпанија се приближува кон 3,1 проценти - а во некои земји таа е многу помала.

Постојат многу шпекулации за причините за големите варијации по земја, но еве неколку лични фактори на ризик, вели РТ.

 

Колку години имате?

Во оваа фаза е општо познато дека колку сте постари, толку полошо изгледа статистиката. Бидејќи пандемијата е во полн ек низ целиот свет, а бројките се менуваат од час на час, најдобро е да ги погледнеме најновите бројки од Кина, која има најголемо искуство со вирусот (и конечно успеа да го спречи ширењето).

Кинескиот центар за контрола и спречување на болести (ЦЦДЦ) пријави стапка на смртност од 14,8% за пациентите постари од 80 години и 8% за пациентите на 70-тина години.

Стапката паѓа на 3,6 проценти кај луѓето во 60-тите години и на 1,3 проценти за возрасната група од 50 до 59 години. За среќа, стапката на смртност за сите на возраст под 49 години беше под 0,5 проценти - што значи дека возраста е еден од најголемите фактори што треба да се земат предвид.

 

Болни сте од нешто друго? Пушите?

Друг сигурен факт во сето ова е дека и луѓето со веќе постоечки заболувања се во категориите со повисок ризик.

Студијата за ЦЦДЦ откри стапка на смртност од 10,5 проценти кај оние со кардиоваскуларни заболувања и стапка на смртност од 7,3 проценти за оние со дијабетес. Пациентите од хронични респираторни заболувања и хипертензија имаат стапка на смртност од околу 6%, додека стапката на смртност кај пациентите со карцином е 5,6%. Значи, ако спаѓате во која било од овие категории, можеби е време да почнете „социјално дистанцирање“ или „самоизолација“, за секој случај.

 

Дали сте маж?

Има неколку лоши вести за мажите во кинеската статистика, бидејќи стапката на смртност од ковид-19 била повисока кај мажите, 2,8 отсто, наспрема 1,7 проценти кај жените. Исто така, сосема малку е поверојатно мажите да заболат од оваа болест отколку жените, што претставува 51% од вкупните случаи.

Експертите не се баш сигурни зошто е ова така, но има многу теории. Една е дека мажите генерално пушат повеќе отколку жените (особено во Кина) - друга теорија е дека жените имаат посилен имунолошки систем за бебињата за време на бременоста. Фактор е и фактот дека мажите исто така имаат поголема веројатност да имаат високоризични постоечки болести.

 

Која крвна група сте?

Ново кинеско истражување, кое денеска го објави Саут Чајна морнинг пост, укажува дека оние со крвна група А може да се поранливи на новиот коронавирус.

Истражувањата во Вухан и Шенжен укажуваат дека пациентите со крвна група А имале повисока стапка на заразување, како и тенденција да добијат потешки симптоми.

Оние со крвна група 0 имале значително помал ризик за заразно заболување во споредба со другите, вели прелиминарната студија на пациенти во Кина што заболеле од ковид-19.

Медицинските истражувачи во Кина зеле модели на крвни групи од повеќе од 2.000 пациенти заразени со вирусот во Вухан и Шенжен и ги споредувале со локалното здраво население. Откриле дека пациентите со крвна група А покажуваат поголема стапка на заразување и дека имаат тенденција да развијат потешки симптоми.

Иако истражувачите велат дека студијата е прелиминарна и дека е потребна поголема работа, тие ги повикаа владите и медицинските установи да ги земат предвид разликите во крвната група кога ги планираат мерките за ублажување или лекување пациенти со вирусот познат како Сарс-КоВ-2.

„На луѓето од крвната група А можеби ќе им треба особено засилена лична заштита за да ги намалат шансите за заразување“, напишаа истражувачите предводени од Ванг Сингхуан од Центарот за медицина базирана на докази во болницата Жонгнан од Универзитетот Вухан.

Спротивно на тоа, „крвната група 0 имаше значително помал ризик од заразна болест споредена со не-0 крвни групи“, според трудот што го објавиле на Medrxiv.org на 11 март.

Од 206 пациенти што починале од ковид-19 во Вухан, 85 имале крвна група А, што е за 63% повеќе од 52-та со тип 0. Моделот го имало низ различни возрасни и родови групи.

 

Каде живеете?

Ова е тешка тема. Како што знаеме, стапката на смртност значително се разликуваше низ целиот свет, а најзагрижувачките бројки доаѓаат од Италија, која забележа стапка на смртност од 7 проценти - но секако, тоа не значи дека конкретно Италијанците се некако поподложни или дека е поверојатно да умрат.

Некои шпекулираат дека високата стапка на смртност во Италија се должи на стареењето на населението во земјата, но средовечната возраст на Германците е повисока отколку во Италија, а Германија засега има стапка на смртност од 0,2 проценти. Слично на тоа, теоријата дека високата стапка на смртност е поврзана со големиот број пушачи во Италија исто така паѓа во вода, бидејќи Кина и Јужна Кореја имаат повисоки стапки на пушачи.

Многу експерти предупредуваат дека Италија не ги презела првичните дејства (не повикала на „социјално дистанцирање“, откажување на масовни јавни настани и сл.) за да ја „израмни кривата“ на инфекциите, што довело до истовремено преплавување на здравствениот систем со пациенти.

На крај, бројките може да покажат дека далеку најважно е што презема една земја за да го спречи ширењето на вирусот.

Објавено

Вторник, Март 17, 2020 - 12:29

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе