Убијците биле професионалци

Кои се црногорските мафијаши убиени за 30 секунди во Атина (ВИДЕО)

Најмалку четири лица учествувале во бруталното убиство на Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ во Атина, забележано е на снимките на безбедносните камери од околните локали и згради. Двајца од нив вечерта ладнокрвно вшетале во ресторанот во кој биле Стаматовиќ и Дедовиќ, кои важеа за истакнати членови на шкаљарскиот клан, и истуриле дожд од куршуми во нив.

„Убијците биле професионалци и, според начинот на кој ракуваат со оружјето, прилично искусни. Своите жртви ги нанишаниле смирено. Испукале околу 20 куршуми за да убијат 2 лица, што укажува на нивната решителност жртвите да не преживеат. Им пукале на двајцата во главите, а во ресторанот влегле мирно, така што сите во првиот момент помислиле дека се гости“, изјави извор од грчката полиција.

Грчките медиуми пренесоа и дека сведоците на пукањето напаѓачите ги опишале како мажи во дваесеттите години, но и дека со нив бил еден од околу 45.

Дождот од куршуми не ја поштедил ни сопругата на Стеван Стаматовиќ и таа, со повреда на ногата, била превезена во истата болница во која била прогласена смртта на шкаљарците.

Според неофицијални информации, во болницата се наоѓа и дете кое присуствувало на убиствата и ранувањето. Тоа е под надзор на психијатриски психолог поради големиот шок што го претрпело, јавуваат грчките медиуми.

Јавноста во Грција е и понатаму шокирана од бруталната егзекуција на криминалците која траела едвај 30 секунди откако пукачите, маскирани со шалови, влегле во ресторанот и отвориле оган. Нивната молскавична акција била снимена со камери, но бидејќи биле добро маскирани, грчките медиуми се скептични и се сомневаат дека ќе бидат фатени.

Јасно е дека станува збор за професионалци, а се проценува дека со својот брз напад играле на факторот изненадување. Веднаш по убиството се одвезле со џип по кој грчките полицајци сѐ уште трагаат. На лице место се најдени чаури со калибар 9 милиметри, од два различни пиштоли.

По 43-годишниот Игор Дедовиќ, кој со озлогласените браќа Вукотиќ е означен како лидер на шкаљарскиот клан, била распишана потерница за обидот за двојно убиство на Војин Ступар и Милош Радоњиќ блиски до кавачкиот клан на крајот на март 2016 во Котор. За тоа дело Црна Гора од Србија бара екстрадиција на Јовица Вукотиќ, додека Милиќ Миња Шаковиќ бил уапсен и бил во притвор, а потоа пуштен на слобода.

Дедовиќ српската полиција го поврзувала со шверцот на тоните кокаин најдени во Црно Море кај брегот на Романија минатата година.

Стеван Стаматовиќ ја предводел загорачката група, гранка на шкаљарскиот клан во Подгорица, а српската јавност го знае од убиството на Александар Станковиќ, познат како Сале Мусави, во октомври 2016. Стаматовиќ поврзаноста со убиството ја негираше во црногорските медиуми.

Стаматовиќ беше поврзуван и со оружјето најдено во Јајинци, во близина на куќата на тогашниот премиер, а сегашен претседател на Србија Александар Вучиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе