Коха диторе: Како ЕУ ги предаде Ахтисари и Косово

Иако прогласувањето на косовската независност беше објавено во целосна координација со меѓународната заедница и прилагодено на потребите на Европската Унија, ЕУ го предаде Косово останувајќи неутрална во однос на неговиот статус, пишува Коха диторе.

„Од преговорите до прогласувањето на независноста на Косово, сѐ беше прилагодено на потребите на ЕУ и улогите што беа планирани. Но на крајот ЕУ го предаде (Марти) Ахтисари, бидејќи немаше единство да го поддржи неговиот предлог и го издаде Косоово и остана неутрална во однос на неговиот статус. На тој начин ЕУ не го третира Косово еднакво како и другите земји од регионот но истовремено не ѝ помага ни на Србија, на која ѝ остава впечаток дека сѐ уште може да најде друго решение кое не е независност“, пишува весникот.

Во анализата се наведува дека декларациите за независност се по природа унилатерални, но дека прогласувањето на независноста на Косово е најмалку унилатерално бидејќи сѐ било направено во полна координација со меѓународната заедница и прилагодено на потребите на Европската Унија.

Весникот потсетува на патот на преговорите за статусот на Косово кој го преводеше претставникот на генералниот секретар на ОН Марти Ахтисари и однесувањето на земјите кои не ја признаа независноста на Косово по нејзиното прогласување пред 10 години, на 17 февруари 2008.

„Разликите во пристапот на независноста на Косово дојдоа до израз еден ден по прогласувањето на независноста на Косово кога тогашниот министер за надворешни работи на Шпанија Мигел Моратинос, земјата која до ден денес не го призна Косово, и покрај ставот никој да не дава оценки за прогласувањето на независноста на Косово додека за тоа не се постигне согласност во ЕУ изјави дека „прогласувањето на независноста на Косово е драстично газење на меѓународното право“, укажува весникот.

Според Коха, и ЕУ и земјите што го поддржаа Косово имаа можност, по одлуката на Меѓународниот суд на правдата дека Косово при прогласувањето на независноста не го прекршило меѓународното право и дека не е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, да направат чекор кон целосно признавање на Косово, но косовската независност сѐ уште не ја признаваат пет држави членки на ЕУ.

Наместо тоа се инсистира на преговорите за нормализација на односите.

„За признавањето на независноста на Косово потребна е висока политичка волја на земјите членки на ЕУ и НАТО“, заклучува косовскиот весник.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе