Климатски промени: Во град во Африка со 24 милиони луѓе наскоро нема да може да се живее (ВИДЕО)

Автомобилите и куќите се потопени или поплавени, они кои чекаат автобус одат низ вода до колена, а сопствениците на недвижности постојано пресметуваат колку ги чинат настанатите штети. Така изгледа Лагос за време на дождовната сезона.

EPA-EFE

Жителите на Нигерија, најнаселената африканска држава, се навикнати на годишните поплави кои го зафаќаат тој град од март до ноември. Но во средината на јули оваа година бизнис квартот на Лагос го погоди една од најлошите поплави во последните години.

„Беше многу лошо. Излегов од дома. Не сфатив дека врне толку дожд. Сообраќајот беше густ поради поплавите. Колку што одевме подалеку, нивото на водата беше поголемо. Во еден момент го помина браникот на мојот автомобил и водата почна да влегува внатре“, вели за Си-ен-ен 32-годишниот Еселбор Оселуонамхен, кој живее во Лагос.

Поплавите во градот ја парализираат економијата, а трошоците за штетите изнесуваат околу 4 милијарди долари годишно. Во тој град живеат повеќе од 24 милиони луѓе. Сместен е на атлантскиот брег на Нигерија, а до крајот на овој век би можел да стане место на кое повеќе не може да се живее. Поради климатските промени расте нивото на морето, а на сето тоа придонесуваат несоодветните и лоши одржувани иригациски системи.

Нигерискиот хидролошки завод НИХСА предупреди дека во септември би можело да има уште покатастрофални поплави.

Лагос е делумно изграден на копно, а делумно на низа острови. Поради ерозијата на брегот често го погодуваат поплави.

На ерозијата особено ѝ придонесува индустријата на песок. Манзо Езекиел, портпаролот на нигериската агенција за управување со итни ситуации (НЕМА) кажа за Си-ен-ен дека особено пропаѓа брегот на островот Викторија. На тој остров се наоѓа богатиот кварт на Лагос и тукушто се гради нов крајбрежен град Еко Атлантик, кој околу себе ќе има ѕид долг осум километри кој треба да го штити од поплави.

Иако поради новиот амбициозен проект донекаде се реши проблемот со недостигот од станбен простор во другите делови на градот, Езекиел се плаши дека „поради неговата изградба ќе дојде до притисок врз други крајбрежни области“.

Ниско позиционираните крајбрежни градови во некои делови на светот би можеле да бидат потопени до 2100 година, покажаа наодите на едно истражување. Студијата која ја објави истражувачката група Клајмет сентрал наведува дека зафатените области, во случај да продолжи растот на нивото на морето, би можело да потоне по линијата на плимата и осеката.

„Поради глобалното загревање предизвикано од човечките активности порастот на нивото на морето би можел во следните три децении да предизвика хронични поплави во градови во кои во моментов живеат 300 милиони луѓе. До 2100 под линијата на нивото на плимата и осеката би можеле трајно да е најдат областите на кои сега живеат 200 милиони луѓе“, се наведува во студијата.

Експертите предвидуваат дека до крајот на оваа деценија глобалното ниво на морето би можело да порасне за повеќе од два метри. Во тој случај Лагос, кој се наоѓа на надморска височина помала од два метри, би можел да се најде во големи проблеми.

Нигерискиот еколог Сејуфунми Адеботе кажа дека судбината на Лагос „ќе зависи од тоа колку сериозно ќе ги сфатиме овие научни предвидувања и за тоа што ќе правиме по тоа прашање“.

Освен проблемите со климатските промени, Лагос има и исклучително лошо одржување на системите за иригација.

„Мораме да ја погледнеме инфраструктурата на нашите системи за иригација, објектите за справување со отпадот, станбените структури... Колку и да се тие структури отпорни и прилагодливи на ситуацијата со климатските промени“, кажа Адеботе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе