Извештај на Обединетите нации

Светот го чека „климатски апартхејд“: богатите ќе си го купуваат спасот, другите ќе страдаат

Светот е во сè поголем ризик од „климатски апартхејд“, во кој богатите ќе си го купуваат излезот од најлошите последици на климатските промени, додека остатокот од светот ќе страда, вели извештај на ОН објавен денеска.

Филип Алстон, специјален известувач на ОН за екстремна сиромаштија и човекови права, вели дека влијанието на глобалното затоплување најверојатно ќе ги поткопа не само основните права на живот, вода, храна и домување за стотици милиони луѓе, туку и демократијата и владеењето на правото.

Во извештајот што Алстон му го предал на Советот за човекови права на ОН заклучува дека бизнис-светот треба да игра клучна улога во борбата против климатските промени, но и дека на него не може да се потпреме во грижата за сиромашните.

„Преголемото потпирање врз приватниот сектор може да доведе до сценарио на климатски апартхејд во кој богатите плаќаат за да ја избегнат преголемата жештина, глад и конфликти, додека останатиот дел од светот е препуштен на страдање“, напишал Алстон. 

Тој како пример ги наведува ранливите њујорчани, кои останаа без електрична енергија или здравствена заштита кога во 2012 ги погоди ураганот Сенди, додека „седиштето на Голдман Сакс го штитеа десетици илјади вреќи со песок и имаше струја од своите генератори.“

Исклучивото потпирање на приватниот сектор за заштита од екстремните временски настани и зголемувањето на нивото на морето „речиси ќе гарантира големи кршења на човековите права, при што богатите ќе бидат засолнети, а најсиромашните ќе бидат заборавени“, пишува тој.

„Дури и во најдоброто сценарио, стотици милиони луѓе ќе се соочат со неизвесност во распределбата на храна, принудната миграција, болестите и смртта“.

Извештајот, исто така, го осудува Доналд Трамп за „активно замолчување“ на науката за климата и го критикува бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, за ветувањето дека ќе ја отвори амазонската тропска шума за рударење.

Американскиот претседател е еден од ретките личности именувани во извештајот. „Тој постави поранешни лобисти во надзорни улоги, ги усвои аргументите на индустријата, го раководеше агресивното поништување на регулативите за заштита на животната средина и активно ја замолчува и ја задушува климатската наука“.

Но Алстон вели дека има и некои позитивни настани, меѓу кои и судските случаи против држави и компании за фосилни горива, активизмот на Грета Тунберг, како и училишните бунтови низ целиот свет и Бунт против истребување.

Во извештајот се критикуваат владите затоа што не прават ништо повеќе освен што испраќаат претставници на конференции за да држат „мрачни говори“, иако научниците и климатските активисти креваат тревога уште од 1970-тите години.

Меѓународните климатски договори се неуспешни, вели извештајот, па дури и по Парискиот договор од 2015 светот сè уште е на пат кон катастрофалните 3 Целзиусови степени загревање без никаква понатамошна акција. „Државите преминаа преку секое научно предупредување и праг, а она што некогаш се сметаше за катастрофално загревање сега се смета за најдобро сценарио“.

До 1980 година, на пример, САД доживеале 214 временски и климатски катастрофи, кои чинеле една милијарда долари или повеќе, а вкупно 1,6 трилиони долари.

Извештајот на Алстон за климатските промени и сиромаштијата ќе биде официјално претставен пред Советот за човекови права во Женева в петок. Во него се вели дека најголемиот удар на климатската криза ќе биде врз оние што живеат во сиромаштија, при што многумина ќе го загубат пристапот до соодветна храна и вода.
 
„Климатските промени се закануваат да ги поништат последните 50 години напредок во развојот, глобалното здравје и намалувањето на сиромаштијата“, вели Алстон. Врз земјите во развој ќе паднат околу 75% од цената на климатската криза, се вели во извештајот, и покрај тоа што најсиромашната половина од светската популација предизвикува само 10% од емисиите на јаглерод диоксид.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе