Експертите предупредуваат

Климата во 2020 е на милост и немилост на политиката

2020 година е најважната година досега за планот на човештвото да го избегне катастрофалното глобално затоплување, рекоа експертите вчера, предупредувајќи дека тесното патче кон безбедноста е преполно со стапици, од изборите во САД сè до брегзитот.

Кога нациите во Париз во 2015 година го постигнаа договорот, чија цел е да го ограничи покачувањето на температурата под 2 Целзиусови степени, тие се договорија за петгодишни периоди во кои климатските активности би можеле да се спроведат, да се проценат и да зајакнат.

2020 е годината кога тој клучен договор ќе стапи во сила, а сепак скоро тридецениските дипломатски дискусии ни оддалеку не го донесоа она за што науката вели дека е потребно за да се избегнат катастрофалните климатски промени.

Клучниот самит на ООН на кој лидерите ќе ги финализираат своите акциони планови за намалување на емисијата на стакленички гасови, треба да почне во Глазгов на 9 ноември - само шест дена по изборите во САД на кои претседателот Доналд Трамп може да добие втор мандат.

Трамп го шокираше светот во 2017 година, кога рече дека Соединетите Држави - најголемиот емитувач во историјата - се повлекуваат од договорот во Париз. Тие треба да го напуштат договорот на 4 ноември.

„Уште четири години на Трамп во Белата куќа би значеле дека клучната земја во светот во однос на обезбедувањето на глобално лидерство ќе го игнорира проблемот“, рече за Франс прес Мајкл Опенхајмер, професор по геонауки и меѓународни работи на универзитетот Принстон.

„Значи, тоа се четири години во кои светските напори за справување со климатските промени ќе бидат со врзани раце“.

По една година катастрофи поврзани со климата, од циклони и поплави во Африка и југоисточна Азија до разорни пожари во Австралија и Калифорнија, нациите во декември не успеаја да остварат напредок на годишната конференција на ОН за климатски промени КОП 25.

Повеќе од 100 земји ветија дека ќе ги удвојат напорите за намалување на домашните емисии, но најголемите загадувачи - Кина, Индија, САД и Европската Унија - допрва треба да откриjат нови планови.

 

„Ризикот“ од брегзитот

Договорот од Париз беше постигнат делумно и благодарение на повеќе од едногодишната шатл-дипломатија од страна на домаќинот Франција.

Климатските преговори се мултилатерални, а емисиите се намалуваат доброволно, па многу работи зависат од вештината и тактиката на земјата надлежна за годинашниве преговори за КОП.

Претседателката на КОП26, Клер О'Нил, минатиот месец за АФП изјави дека климата ќе биде „глобалниот приоритет број еден“ на британската влада оваа година пред самитот во Глазгов.

Но постојат стравувања дека трговските преговори за брегзитот со Брисел, кои ќе траат отприлика до времето на КОП26, ќе ја исцрпат мошне потребната дипломатска фреквенција.

„Постои брегзит-сценарио во кое Велика Британија е деконцентрирана на највисоко ниво и пресушува врската со ЕУ“, вели Ник Мабеј, извршен директор на зелениот тинктенк E3Г.

„Тоа е ризик. Брегзитот е владиниот дефанзивен дипломатски приоритет број еден и би рекол дека КОП треба да биде нејзиниот офанзивен дипломатски приоритет број еден.

„КОП бара огромна, проактивна кампања, целосна функционална дипломатска машинерија“, рече тој за АФП.

Мабеј рече дека Велика Британија веќе имала повеќе од 100 дипломати што се фокусираат исклучиво на климата пред Глазгов.

 

Самитот ЕУ-Кина

Но можеби најважниот момент за климата во 2020 ќе дојде и пред изборите во САД и пред КОП.

Во септември, на самитот ЕУ-Кина во Лајпциг, најверојатно, најголемиот загадувач со јаглерод во светот ќе биде притиснат за поголеми заложби за намалување на емисиите.

Ли Шуо, виш советник за глобална политика за Гринпис Источна Азија, рече дека оваа година Кина има голема можност да го покаже глобалното лидерство во врска со климата.

„Трамп извлече едно тркало од климатскиот трицикл САД-Кина-ЕУ“, рече Шуо.

„Влегувајќи во 2020 година клучно е двете преостанати тркала да се движат синхронизирано. Одлуката што ќе ја донесат кинеските лидери во текот на следната година... е важна за тоа како светот ја гледа Кина во контекст на сè побурната геополитика“, рече Шуо.

Кина и вториот загадувач Индија беа обвинети дека ги попречуваат поголемите амбиции на КОП25 во Мадрид, инсистирајќи дека тие веќе го сториле своето во намалувањето на загадувањето со јаглерод.

Дури и ако нациите можат да се договорат во Глазгов да ја зајакнат својата активност во текот на следните пет години, нивните доброволни ветувања веројатно ќе бидат со галаксии далеку од драстичните намалувања на емисии што ѝ се потребни на Земјата.

„Она што се нарекува успех веројатно во моментов не доаѓа предвид“, рече Мабеј.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе