Во официјална посета на Грција

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Атина на средби со грчкиот државен врв

Со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и со премиерот на земјата, Кирјакос Мицотакис, ќе оствари денес средби претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг кој од вчера е во официјална посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Си Џинпинг синоќа пристигна на атинскиот аеродром, а беше пречекан од шефот на грчката дипломатија Никос Денсиас и генералниот секретар на грчкиот претседател, Јоргос Гениматас.

Во попладневните часови, претседателот на Кина ќе го посети седиштето на кинеската компанија COSCO на атинското пристаниште Пиреас, а утре во придружба на неговиот домаќин, грчкиот претседател, ќе го посета музејот на Акропол.

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во интервју за кинеската телевизија CCTV вели дека посетата на Си Џинпинг на Атина означува нов период во односите меѓу двете земји.

Павлопулос истакнува дека економските односи меѓу Грција и Кина се во корист и на двете земји особено по 2006 и инвестицијата на COSCO.

Претседателот на Кина, минатиот понеделник се сретна со грчкиот премиер во рамките на посетата на Кирјакос Мицотакис на Шангај и учеството на Меѓународниот саем. На средбата, според грчки владини извори биле потврдени врските на пријателство и соработка меѓу двете земји и станало збор за областите во кои може да се зајакне и прошири оваа соработка. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе