Кина сака да ја ублажи „културата на работа 996“ – работа од 9 до 21 часот, шест дена во неделата

Кинескиот технолошки тајкун Џек Ма тврдеше дека е благослов да се биде дел од таканаречената „996 работна култура“ во која луѓето работат од 9 до 21 часот, шест дена во неделата. Сега кинеските власти издадоа строг потсетник за компаниите дека таквото исцрпувачко работно време е всушност незаконско. Во заедничко соопштение објавено минатата недела, кинескиот врховен суд и министерството за труд детално елаборираа 10 судски одлуки во врска со работните спорови, од кои многумина вклучувале работници присилени да работат прекувремено, пишува Би-би-си.

EPA-EFE

„Работниците имаат право на соодветен надомест и време за одмор или празници. Почитувањето на националното работно време е обврска на работодавачот“, се предупредува во соопштението и се додава дека ќе се изработат понатамошни насоки за решавање на идните работнички спорови.

Но, дали ова предупредување ќе отвори пат за вистински промени за нејзините превработени граѓани?

Според кинеските закони за труд, стандардното работно време е осум часа на ден, а најмногу 44 часа неделно. Секоја работа над тоа бара дополнителна плата за прекувремена работа. Но, тоа не е добро спроведено.

Големите компании имаат посебни правила

Во многу големи компании, особено во успешниот технолошки сектор, вработени често работат далеку подолго и немаат секогаш соодветен надомест. Вработените со години негодуваат поради своите распореди, а некои дури се обиделе да се борат. Група програмери во 2019 година стигна на насловните страници, правејќи ја платформата за размена на кодови Гитхаб, ставајќи ги на црна листа стартап компаниите кои го преоптоваруваат персоналот, со тоа што им оневозможија користење на отворениот код.

Сепак, напорната 996 напорна култура продолжи, а владата беше воздржана. Впрочем, таа иста работна етика се смета за заслужна за успехот на овие компании, од кои некои стана неверојатно конкурентни на светската сцена.

Како Ма, кој го формираше малопродажниот интернет џин Алибаба, шефот на платформата за е-трговија ЈД.ком Ричард Лиу ја бранеше оваа работна култура и ги напаѓаше „мрзливите“. Но, незадоволството на јавноста значи дека властите повеќе не може да замижуваат, изјавиле експерти за Би-би-си.

„Нештата се на пресвртница и потребна е итна акција, особено по неколкуте смртни случаи“, вели д-р Џени Чен од Универзитетот во Хонг Конг.

Двајца работници умреа во неколку недели

На почетокот на оваа година двајца работници на платформата за е-трговија Пиндуодуо умреа во период од неколку недели. Млад работник се срушил на пат кон дома по долго работење, додека другиот извршил самоубиство. Во јануари доставувач на храна се самоуби откако наводно му биле скратени 770 долари заостанати плати, само еден месец откако еден работник умре додека доставувал оброци.

Нејасно е дали случаите се директно поврзани со прекумерната работа, но предизвикаа огорчување на интернет и отворија дебата за 996 културата и мрачната страна на работата во некои ценети компании. Некои на социјалните мрежи пишуваа дека работат повеќе од 300 часа секој месец, што далеку ги надминува законските граници. А за многу работници кои поради пандемијата работат подолго од кога било, нештата се дојдени на работ.

„Многу сум уморен. Не можат да се сетам кога последен пат сум видел дневна светлина. Во меѓувреме големите компании стануваат сè побогати. Дали е тоа фер?“, напиша еден корисник на платформата за микроблогови Веибо.

Раширената реакција не му легна на Пекинг, кој се труди да одржи општествена стабилност. А важно е и тоа што многу луѓе работат во дигиталната економија.

„Без оглед дали станува збор за научни работници во интернет компании или вработени на платформи за испорака, двата сектори вработуваат милиони работници, а многумина веројатно работат 996“, вели д-р Сонг Жаоли од Националниот универзитет во Сингапур.

„Владата не може мирно да седи и да дозволи да се експлодира“

Со порастот на жалбите меѓу работниците, некои повикуваат на колективно дејствување. Според извештајот на невладината организација Чајна лејбор булетин со седиште во Хонг Конг, меѓу 2016 и 2021 бил забележан 131 случај на протест на работници кои доставуваат храна.

„Владата не може мирно да седи и да дозволи да се експлодира. Тие сакаат мир во куча“, вели д-р Чен.

До придвижување кон подобра заштита на работа доаѓа и со промената на ставот на многу млади Кинези, велат експертите. За разлика од нивните родители кои верувале дека напорната работа се исплати, меѓу преморените млади, кои гледаат мала награда во тоа што го работат, се појавува сè поголемо чувство на незадоволство.

Некои се толку разочарани што движењето „танг пинг“ – буквално значи „да се лежи рамно“ – доби сила во последните месеци, повикувајќи се на идејата дека луѓето не би требало премногу да се оптоваруваат и наместо тоа да бидат задоволни со подостижни цели.

„Младите видоа други можности и преферираат пофлексибилен начин на живот“, објасни д-р Сонг.

Паѓа работната сила

Но, ова е концепт кој ги загрижува властите додека земјата се бори со опаѓањето на работната сила. Во јануари кинескиот попис, кој се врши еднаш во деценија, го покажа најспориот пораст на населението во последните неколку децении.

„Ова ја загрижува владата, бидејќи тие работници ѝ се потребни за одржување на економијата. Затоа сега се обидува да се создаде систем за вработување кој се чини похуман за младите работници. Целта е да им се направи работата попривлечна. Кина мора да остане конкурентна“, вели д-р Чен за Би-би-си.

На социјалните мрежи реакции за минатонеделната објава беа внимателни. Многумина се прашаа дали тоа навистина ќе им ја подобри работната средина. Но, експертите се пооптимистични.

И изгледа дека почнува да делува. Минатата сабота произведувачот на мобилни телефони Виво кажа дека ќе ја прекине својата пракса на „големи/мали недели“, при што се менуваат петдневна и шестдневна работна недела. „Од сега ќе има луѓе кои ќе имаат цели викенди! Работиме на создавање на среќна и прогресивна средина за нашите работници“, се вели во објавата на компанијата.

Работниците сега можат и да се чувствуваат похрабри своите шефови да ги дадат на суд. „Очекувам повеќе работници да се повикаат на своите права кон законите за работа кога ќе почувствуваат дека се малтретирани. Следејќи ги насоките на врховниот суд, пониските судови во Кина исто така ќе го поддржат ставот на работници во сличните спорови“, вели Ангела Жанг, професорка на Универзитетот во Хонг Конг.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе