Кина и американските избори: Кого Пекинг навистина го сака во Белата куќа?

Американските претседателски избори веќе подолго подеднакво и ја интригираат и ја иритираат владејачката Комунистичка партија на Кина.

EPA-EFE

Изборите во САД, кои се сметаат за најважната показна вежба по демократија во светот, кинеските функционери внимателно ги следат иако медиумското следење на изборите е под строга контрола на власта – потсетник колку малку избор всушност имаат 1,4 милијарди Кинези.

Овие американски избори ги дефинира пандемијата на коронавирусот, урнатата економија и длабоката политичка поларизација и Пекинг е свесен дека нешто се сменило – западната демократија е соочена со криза на легитимитетот. Најбогатата и насјлободна економија, за која до скоро се веруваше дека ќе биде најуспешна во борбата против вирусот, неславно пропадна.

Како пропадна Америка

Додека Кина, и покрај првичниот обид да ги прикрие своите слабости, ги искористи сите моќи на унитарната контролирана држава и почна масовно да ги тестира и изолира луѓето успешно доведувајќи ја епидемијата под контрола.

Фабриките, продавниците, рестораните, школите и универзитетите се отворени, бројот на патниците во јавниот превоз е едвај нешто под просекот и Кина е единствената светска економска сила која годинава ќе забележи раст.

Сето тоа е направено без јавни дебати и без каква било можност некој од функционерите да се доведе во прашање. Да, Пекинг е прилично свесен дека нешто суштински се смени и дека успеаја својата слабост да ја претворат во супериорна предност.

„Големите стратегиски достигнувања кои ги постигнавме во борбата против короната ги покажаа извонредните предности на лидерите на Комунистичката партија на Кина“, кажа кинескиот претседател Си Џинпинг на церемонијата на оддавање почит на здравствените работници, хероите на борбата против пандемијата.

Неговата порака беше емитувана на телевизија и беше прекинувана со мрачни извештаи за катастрофата во Америка, протестите, немирите и хаосот на предизборната кампања.

Пораката е јасна – не е важно дали ќе победи Доналд Трамп или Џо Бајден, американската политичка елита е болна, ограничена и нема веќе престижно место на светската сцена.

Саемот на автомобили како визуелна метафора на победата

Тешко дека постои подобра визуелна метафора на кинеската самодоверба од октомврискиот саем на автомобили во Пекинг. Саемот е првиот голем саем во светот од почетокот на пандемијата и потврда дека земјата го победила вирусот. Со исклучок на маските, саемот изгледаше како настан пред коронакризата.

Промотерки во тесни фустани, блескави автомобили, гужви. Но, ако саемот е показател на кинеската способност да се избори со пандемијата, тогаш е доказ и за нешто подлабоко и подолговечно – способноста да ја искористи глобалната трговија во своја корист.

Еден од најскапите автомобили на салонот беше електричниот кросовер со цена од 80.000 долари кој го произведува Хонгки, кинеската компанија позната по лимузините. „Треба да го поддржиме нашите марки“, кажа за Би-би-си еден од посетителите.

„Трамп е лудак“

Тоа е симболика која не би му избегала на Ричард Никсон, американскиот претседател кој работеше на приближувањето на Америка и Кина.

За време на историската посета на Пекинг во 1972 година Никсон се возеше во лимузина на Хонгки на патишта на кои немаше сообраќај. Тоа возење беше почетокот на патувањето на двете земји кои и понатаму трае.

Речиси секој американски претседател потоа ја прифати идејата дека соработката со Кина нема да им значи само на Кина и на мултинационалните компании кои таму работат, туку и на Соединетите Држави и на остатокот од светот.

Тоа, тврдеа Американците, нема само да го подобри глобалниот просперитет туку и ќе ја воведе Кина во либералниот светски поредок и можеби и ќе поттикне некои политички реформи.

Реалноста беше поинаква. Кина работеше на тоа да го заземе своето место на глобалната сцена и тоа под свои услови. Во времето на американските избори во 2016 година тоа значеше дека е втора по големина економија во светот и најголем светски извозник.

Истовремено, Кина е обвинувана за најголемата кражба на индустриски тајни во историјата и за најголемото затворање на една етничка група од Втората светска војна.

Дури во таа кампања САД ја сменија плочата кога станува збор за ангажманот и трговијата со Кина.

Како кандидат, Доналд рамп на американските работници им кажа дека Кина долго ги мамела, крадејќи им ги работните места и претворајќи се себеси во економска суперсила. На крилата на таа победа, Трамп стигна до Белата куќа и од тогаш ништо повеќе не беше исто.

На врвот на трговската војна со Кина на американскиот претседател, стока во вредност од 362 милијарди долари беше подложена на дополнителни царини и оданочување.

Оваа година, неговата администрација дополнително ја притисна Кина со воведување политички санкции поради наводното кршење на човековите права.

На саемот на автомобили новинар на Би-би-си ги праша посетителите околу светкавиот голем кинески автомобил кој би сакале да победи на изборите во САД.
„Можеби Бајден“, кажа еден од нив. „Го мразам Трамп“.

„Затоа што е толку жесток со Кина?“, го праша новинарот.

„Поради тоа, но и затоа што мислам дека тој е еден лудак“, гласеше одговорот.

Бајден или Трамп?

Кинеските лидери можеби гледаат дека на американската демократија ѝ истекол рокот на траење, но ако мора да изберат страна, дали навистина би сакале да му го видат грбот на Трамп?

Тоа е проценката на американските разузнавачки служби. Трамповите жестоки критики на сметка на Пекинг резултираа со тоа раководството на Коминистичката партија да сака тој да изгуби.

Но професорот Јан Ксуетонг, деканот на Институтот за меѓународни односи на универзитетот Цингхуа во Пекинг, не се сложува со тоа.

„Ако ме прашувате каде се кинеските интереси, би кажал дека се повеќе со Трамп отколку со Бајден“, вели тој, „Не затоа што Трамп помалку ќе им наштети на кинеските интереси од Бајден, туку затоа што ќе ѝ нанесе повеќе штета на Америка“, објасни професорот.

Познавачите на приликите велат дека пропаѓањето на Америка, економското и политичкото е во интерес на Кина како сила во подем.

Од таа гледна точка, Трамп е подобрата опција. Тоа не само што не ги поддржува демократските идеали туку често ги офрла и поткопува. Неговите напади на слободата на медиумите се „музика за ушите“ на кинеските функционери познати по задушувањето на слободата на медиумите во својата земја.

И, иако Трамповата администрација е критички настроена кон Кина и ја обвинува за кршење на човековите права, Трамповата мотивација е многу потесно мотивирана од економијата и трговијата.

Поранешниот советник на Трамп за национална безбедност Џон Болтон кажа дека Трамп во една прилика му кажал на Си дека ги поддржува неговите репресивни мерки против Ујгурите, што американскиот претседател подоцна го демантираше.

Додека Трамп им се смее на изјавите на Бајден дека сака поблиска економска соработка со Кина, Пекинг стравува дека Бајден е тој што ќе направи многу повеќе на промоцијата на демократските вредности од Трамп.

Бајден е исто така поопремен од Трамп да ги поправи односите со американските сојузници и да изгради коалиции кои ќе ја притиснат Кина.

Бајден вети враќање на разговорот за човековите права но токму тој ќе биде тој што ќе ја попушти политиката на царини и даноци во корист на соработката на други прашања, како климатските промени, што е нешто што Кина може потенцијално да го искористи.

Кинеските владетели сега не размислуваат за изборните циклуси туку за крајот на една епоха. А враќање на Америка на местото на заштитник на универзалните вредности е она од што најмногу се плашат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе