Во Трамповата ера односите се на најлошо можно ниво

Кина го посакува Бајден и спречување на подлабок конфликт

Бидејќи билатералните односи со Соединетите Амеркански Држави се во слободен пад, Кина се подготвува за дополнителни турбуленции пред американските избори во ноември и можноста победата на Џо Бајден да пружи шанса за избегнување подолг конфликт.

EPA-EFE

Ова го пишува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извори блиски до кинеското раководство. Брањето на Вашингтон од минатата недела Кина во рок од 72 часа да го затвори својот конзулат во Хјустон го разгеви Пекинг и ја предизвика одназдничката наредба САД да го затворат конзулатот во Ченгду.

Кина, како и обично, не го критикуваше директно претседателот Доналд Трамп, кој често зборува за личното пријателство со претседателот Си Џинпинг, туку државните медиуми во зајадливите коментари го претставија тој потег како предизборна тактика.

Ројтерс наведува дека некои играчи во кинеската влада и во војската го гледаат уште едниот Трампов мандат како шанса да го забрзаат подемот на Кина, каде се многумина охрабрени од нејзината позиција додека го набљудуваат хаосот во САД, вклучувајќи ја кризата со ковид-19.

Меѓутоа, заедно со очајот поради непредвидливоста на Трамп и склоноста кон воведување на санкции и царини, и вниманието поради неговото непријателство на многу фронтови, расте и загриженоста поради ризикот од заострен конфликт, изјавиле за Ројтерс шест кинески функционери и лица поврзани со раководството.

Пекинг го иритираат и честите критики на сметка на „комунистичка Кина“ и нејзината владејачка Комунистичка партија – државниот секретар Мајк Помпео ја употреби таа фраза 27 пати во говорот во четвртокот кога кажа дека заострениот однос кон Кина е „мисијата на нашето време“.

Кина, која победата на Трамп во 2016 ја затекна неспремна, ги задолжила владините аналитичари порано да почнат да спремаат извештаи за изборите и расположението на американското јавно мислење, со фокус на демократскиот предизвикувач Бајден и неговата политика, кажале за Ројтерс упатените извори.

„Нема никакви илузии за враќање на односите на старите добри денови, но новиот претседател барем би пружил шанса за ресетирање на односите“, изјави кинески функционер, кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на темата.

„На крајот на краиштата, односот не може да биде полош од сегашниот“, додаде тој.

За време на мандатот на Трамп, односите на САД и Кина паднаа на најниско ниво во последните децении, околу низа прашања – од трговјата до технологијата, преку пандемијата на ковид-19, до кинеските територијални претензии во Јужното Кинеско Море и пресметката со демонстрантите во Хонг Конг.

Трамп тврди дека тој е првиот претседател во последните неколку децении кој му се спротивставил на Пекинг и неговата кампања го обвинува Бајден дека ѝ попушта на Кина.

Во анализата на Ројтерс се наведува дека остриот став кон Кина е сега политика на двете партии во Вашингтон, како и дека се очекува Бајденовата администрација да биде поспремна да се здружи со сојузниците во спротиставувањето на Пекинг и построга околу човековите права.

Меѓутоа, Бајденовата администрација би можела да биде понаклонета на соработка – од новата „позиција на американска сила“, како што тоа го нарекуваат луѓето од кампањата, среде обновеното инвестирање во американската конкурентност, иновациите и инфраструктурата.

„Изгледа Кинезите немаат илузии околу тоа дека Бајденовата победа би можела да го смени ставот на Вашингтон кон Кина, но веројатно ќе понуди дијалог со новата администрација“, вели Дениел Расел, кој беше главниот дипломат за источна Азија за време на мандатот на Барак Обама и почетокот на Трамповиот.

Расел нема формална улога во Бајденовата кампања, но е близок со неговите надворешнополитички сојузници.

Трамповиот и Бајденовиот табор тврдат дека Кина навива за другиот.

Тим Мурто, Трамповиот директор за комуникации во кампањата 2020, вели дека Кина несомнено го поддржува Бајден.

„Тој им угодуваше и ги унапредуваше нивните интереси за време на неговите 47 години во Вашингтон“, вели Мурто за Ројтерс.

Ендрју Бејт, портпаролот на Бајденовата кампања, тврди пак дека Кина прави што сака за време на Трамп, кој, како што кажа, „е најслабиот претседателот во историјата на Америка во односот кон Кина“.

Бидејќи билатералните односи се во опаѓање, некои функционери и аналитичари во Пекинг сметаат дека пристапот на Кина во следните месеци ќе се состои од обиди да се зауздаат тензиите со Вашингтон и да се одмаздува само кога е неопходно.

Што се однесува до значителни понуди за дијалог, Ројтерс оценува дека нив веројатно нема да ги има, бидејќи Кина смета дека тоа нема смисла во време на кампања, кога антикинеското расположение е во пораст.

„Кина е гневна на Трамп поради неговите критики на сметка на Кина и поради воведувањето на санкциите“, вели Ши Јингхонг, советник на кинеската влада и професор на пекиншкиот Универзитет Ренмин.

„Кинезите дури чувствуваат дека неговиот политички рејтинг дома е разнишан, така што неговата вредност опаѓа“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе