Целта на емигрантите е Западна Европа

Каква е ситуацијата на Балканската рута?

На почетокот на април, грчката полиција во близина на Солун употреби солзавец за да ги спречи емигрантите да стигнат до границата со Македонија. Целта на емигрантите – централна и западна Европа. Мотивацијата: низа лажни вести на социјалните мрежи според кои граничните премини кон Македонија и Албанија се отворени. Околу 2.000 луѓе поверуваа на тие гласини и тргнаа кон северна Грција. По три дена и последните емигранти се откажаа и се вратија во своите прифатилишта пишува Дојче веле.

Дел од 70.000 емигранти кои се наоѓаат во Грција и регионот на западен Балкан, сакаат да патуваат понатаму на север. Пред нив има низа пречки. Македонија и Унгарија уште пред повеќе години поставија огради од бодликава жица на своите јужни граници. Бугарија е позната по своето сурово постапување со емигрантите. Организациите за човекови права и Европската комисија ја обвинуваат таа земја дека ги крши човековите права. Тоа и доведе до формирањето на алтернативната Балканска рута.

Почетна точка на рутата и понатаму е Грција. Според тврдењата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во Грција има околу 60.000 емигранти. Сместени се во згради или бегалски кампови. Хуманитарните организации ја критикуваат состојбата во објектите кои се наоѓаат на грчките острови во близина на турскиот брег. Пренесуваат дека има премалку место, дека бегалците немаат пристап до чисти тоалети или вода.

Откако во пролетта 2016 беше склучен договор меѓу ЕУ и Турција, подобар е и надзорот на поморската граница, па истовремено многу помалку емигранти пристигнуваат до Грција преку источниот дел на Средоземното Море. И покрај тоа, на 34.000 од нив им успеа тоа минатата година, а досега во 2019 – на 5.600. Минатата година во обид да стигнат до Грција загинаа 174 луѓе, а годинава има веќе десетина мртви.

Бидејќи емигрантите повеќе не можат да ја преминат границата од Грција кон Македонија и од Србија кон Унгарија без дозвола, се создаде алтернатива преку Албанија и Босна и Херцеговина кон Хрватска. Во земјите од западниот Балкан се наоѓаат околу 10.000 емигранти, нешто помалку од 4.000 од нив во БиХ, според извештајот на ИОМ. Тоа покажува дека бегалската рута се сменила.

Босанската влада очекува понатамошен пораст на бројот на бегалците кои минуваат низ таа земја во насока на ЕУ. Босанскиот министер за безбедност Драган Мактиќ во едно интервју за Франс прес дури зборуваше за „ескалација на емигрантскиот проблем“. Минатата година, ЕУ на Босна и стави на располагање дури девет милиони евра за сместување на бегалците.

БиХ и Хрватска ги дели долга граница која е делумно планинска. Организацијата за човекови права го критикува односот на хрватската гранична полиција кон емигрантите. Пренесува дека без соодветна процедура за азил ги испраќа назад во БиХ.

„Многумина тврдат дека биле тепани или плашени, дека им се одземани патните документи и одземани или уништувани мобилните телефони“, пишува во извептајот објавен во март. Хрватска ги отфрла обвинувањата.

На патот од Грција кон БиХ се наоѓа Албанија, една од најсиромашните европски земји. Секоја година околу 20.000 Албанци поднесуваат барање за азил во Европската Унија. Откако се воспостави алтернативната Балканска рута, албанската полиција фаќа многу повеќе емигранти без документи. Според ИОМ, во 2018 ги имало околу 3.400, а разлика од само 750 во 2017.

Медиумските извештаи според кои во Албанија треба да да бидат изградени кампови за прифаќање на емигрантите спасени во Средоземното Море, не се потврдени. Наместо тоа, Абанија на почетокот на годината го ратификуваше договорот за организацијата за заштита на границите на ЕУ – Фронтекс, која треба да помогне на грчко-албанската граница да се сопрат емигрантите без дозвола за влез.

Откако Македонија ја затвори границата со Грција за емигрантите, во прифатилиштата за бегалци во државата е непроменето мирно. Според извештајот на ИОМ, во Македонија во моментов има 35 емигранти.

Поради судирот меѓу емигрантите и полицијата во Грција, Бугарија ја зајакна заштитата на границите, како што изјави бугарскиот министер за внатрешни работи. Острото постапување на Бугарија кон емигрантите имаше заплашувачки ефект: во 2015 и 2016 во Бугарија барања за азил поднеле по 20.000 луѓе. Во 2018 имало само 2.500, открива статистиката на државната агенција за бегалци.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе