Како властите во Италија го заплашуваат народот (ФОТО+ВИДЕО)

Во последните месеци, особено по излегувањето од карантин, Италијанците се подложени на нешто на што не се навикнати: континуирани забрани, контроли и закани.

EPA-EFE

Од кога се отворени кафулињата и рестораните, жителите на Италија, а особено младите, почнаа да излегуваат од дома по речиси три месеци карантин, желни за дружење и прошетки.

Тоа, меѓутоа, им станува сѐ потешко, бидејќи се сѐ почести казните од 400 евра по лице. Повторно се воведуваат забрани, но и „цивилните асистенти“ што би требало да патролираат по улиците и да одржуваат ред.

EPA-EFE

Иако резултатите се сѐ подобри и укажуваат на слабеење на епидемијата, во Италија се користи речник што ги држи граѓаните во страв од следен бран, кој, како што апокалиптично се најавува, би можел да биде како за време на шпанската треска, но тука е и фактот дека мора да го прифатат новиот начин на живот сѐ додека не се најде вакцина.

Премиерот Џузепе Конте ги предупреди младите дека не е време за забави и собирања, а некои градоначалници повторно усвојуваат нови мерки и рестрикции.

EPA-EFE

На улиците има многу полицајци кои патролираат меѓу кафулињата, ги сопираат автомобилите и ги казнуваат луѓето при најмал прекршок – ако е маската обесена на уво или спуштена на брадата, ако луѓето се гушнат при поздравување и слично.

Кои се цивилните асистенти

Властите постојано им се обраќаат на граѓаните со зборовите „Забранети се собирања“, „доколку не постапувате по наредбите, ќе воведеме нови забрани“, „Собирања по кафулињата не се дозволени“, „Мора да одржувате социјална дистанца“, „Сакате ли сѐ повторно да затвориме?“, „Страшно сме лути затоа што сте непослушни“...

За да обезбеди да се почитуваат сите правила, владата ќе отвори конкурс за 60.000 цивилни асистенти, односно волонтери кои би требало да патролираат во зоните за ноќен живот.

EPA-EFE

Бидејќи тоа предизвика многу бурна реакција и критика на медиумите и судири во самата влада, меѓу политичките претставници дојде до „ублажување“ на нивната улога од „контрола и надгледување“ како да се дел од полицијата, до многу општ израз „волонтери на јавната служба“.

Нивната работа ќе ја координира службата за цивилна заштита, ќе работат 16 часа во неделата гратис и нивната задача ќе биде да утврдат дали сите носат маски, одржуваат физичка дистанца, се собираат на познатите места за излегување, во парковите и на плажите. Со еден збор, како што некои граѓани сметаат, да шпионираат.

EPA-EFE

Нивната задача е и да им помагаат на постарите, да им се донесат намирници од маркетите и аптеките, да воведуваат ред пред црквите. Сето тоа со редовните известувања од полицијата за ситуации кои се недозволени.

Снимка за заплашување на народот

Големо негодување во јавноста предизвика и најновиот видео-спот на регионот Венето – го критикуваат дека служи за заплашување на народот.

Во спотот може да се слушне: „Доволно е малку, неколку сантиметри помалку, некаков пропуст, чукање по рамо, срдечен поздрав, невина насмевка, ракување, опуштеност, и сѐ повторно ќе сопре. Против ковид-19 се бориме во болниците, но пред сѐ надвор“.

Казна и за прегратка

Во континуитет се најавува втор бран, како само да се чека бројките да се влошат, луѓето се казнуваат и за најмал случај како на пример во Павија, каде момче и девојка добија казна од 400 евра затоа што се прегрнале во јавност. Кажано им е дека, ако не живеат заедно или не се во брак, немаат право да се прегрнуваат на јавно место.

Истото им се случило и на пријатели кои при поздравување се прегрнале. Таа вечер во Павија биле поделени многу казни затоа што „загрижен“ граѓанин се јавил во полиција да пријави премногу луѓе на улиците.

EPA-EFE

Јавноста од една страна реагира на таквите вести како на „прекумерно искористување на власта“, додека други од страв станале вистински импровизирани полицајци кои ја користат секоја прилика да шпионираат сѐ што ќе видат.

Во моментов Италија е поделена на оние кои не веруваат дека вирусот некогаш постоел и дека е само завеса зад која се крие нешто многу поголемо, на други кои сметаат дека вирусот е исклучително опасен, се плашат од сѐ и мијат раце по 12 пати на ден, како што покажа едно истражување, па дури се и согласни со сите мерки, до оние кои сметаат дека вирусот постои, дека погодил луѓе со по неколку болести и постари лица, но дека сега е ослабен и дека сите овие мерки се многу непотребни и претерани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе