Како тајна акција на Израел за малку ќе предизвикаше нова војна во Газа (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата вечер ги уверуваше Израелците, веќе уморни од конфликтот со Палестинците во Газа, дека „прави сѐ што може за да избегне непотребна војна“. Два дена подоцна, Израел се најде на раб на токму таква војна.

За среќа, изгледа дека сепак ќе се одржи прекинот на огнот. Иако го објави само Хамас, додека Израел одби да потврди дека ќе ги сопре воените дејства од своја страна и најави дека војската „ќе ги продолжи операциите доколку е потребно“. Сепак, небото над Газа и над југот на Израел од средата вечерта е мирно.

Но, како воопшто дојде до жестокиот судир за само 24 часа? Сѐ почна ненадејно: по неуспешната разузнавачка мисија на израелските командоси која заврши со оружена пресметка со Хамас, резултатот беше седум убиени палестински милитанти на Хамас и Комитетот на народната одбрана и еден убиен израелски специјалец.

Според она што се знае, борците на Хамас ги сопреле израелските специјалци, кои се возеле со цивилен автомобил, околу 3 километри од израелско-палестинската граница, источно од градот Кан Јунис. Израелците наводно отвориле оган и го убиле локалниот командант на Хамас. Палестинците тогаш се пуштиле во потера по Израелците, по што израелските специјалци добиле поддршка од тенкови и авиони кои ги гаѓале припадниците на Хамас. Израелските специјалци ја завршиле спасувачката акција со извлекување со хеликоптер, јави Би-би-си.

Потоа целата ситуација ескалираше во најжестокиот оружен судир меѓу Израел и Палестина од 2014 година. Во силната размена на ракетни и минофрлачки напади од палестинска страна и воздушни напади од израелска беа убиени најмалку три лица, од кои двајца милитанти во Газа и еден цивил во Израел, а уште десетици се повредени од двете страни. Израел испрати дополнителни сили на границата, кои во случај на понатамошна ескалација би извршиле копнена инвазија.

Израелската влада во понеделникот вечерта се закани дека Хамас ја „премина црвената линија“ и дека наскоро ќе го „ескалира својот одговор“ и ќе почне да срамнува со земја згради во Газа, и подоцна почна да ја остварува заканата. Хамас, пак, се закани дека ќе ги прошири нападите на израелските градови Ашдод, Ашкелон и Бершеба ако израелската војска продолжи со воздушните напади – па дури и дека милиони Израелци наскоро ќе бидат опсипани со нивни ракети.

Што се однесува до разузнавачката мисија, израелските одбранбени сили ИДФ поради тајноста на операцијата не објавија конкретни детали за неа, но истакнаа дека целта „не била да се убијат или грабнат терористи, туку да се зајакне израелската безбедност“. Затоа, по сѐ изгледа, станувало збор за разузнавачка операција која тргнала во погрешна насока кога биле сопрени специјалците. Тоа за Би-би-си во Ерусалим го потврди неименуван израелски генерал.

Палестинските милитанти од Газа врз Израел испукаа над 400 проектили и минофрлачки гранати. Сирените за воздушна тревога завиваа од Средоземното Море до Мртвото Море, а жителите на градовите Ашдод и Бершеба ја минаа ноќта во подземни засолништа.

Израелската војска не чекаше долго со одговорот – во воздушните напади погоди повеќе од сто воени позиции и магацини за оружје низ Газа, како и телевизиската станица Ал Акса која ИДФ ја опиша како пропагандна машина на терористите. Други мети беа хотелот Амал со канцелариите на Хамас и командата на воено-разузнавачката служба на оваа организација чие политичко крило е на власт во овој дел од Палестина од 2006 година. Во една од зградите кои беа бомбардирани се наоѓале и воени и разузнавачки сили на Хамас, но и детска градинка.

И покрај тешките загуби, Хамас во средата вечерта прослави „победа“ против израелските сили, повикувајќи се на успешно сопирање на израелската тајна акција и погодувањето на израелскиот воен автобус, за што тврдат дека можеле да нанесат многу поголеми жртви, но дека намерно чекале автобусот да се испразни бидејќи не сакале да го ескалираат судирот. „Народот на Газа го префрна отпорот со трпение и гордост“, изјави славенички лидерот на Хамас Исмаил Ханијех.

Овој конфликт изби по неколку години релативно затишје – многу релативно, бидејќи во последните месеци израелските сили убија околу 2.000 израелски демонстранти кои се обидоа да ја преминат границата, од кои некои беа вооружени и насилни.

Тоа пак значи дека целиот напредок, кој беше постигнат со повеќемесечните мировни преговори под посредништво на Египет и ОН, би можел да пропадне. Тие преговори веќе дадоа плод со зголемувањео на снабдувањето со електрична енергија за опколената и економски блокирана палестинска енклава и со испраќањето финансиска помош од неколку десетици милиони долари за плати и социјална помош, главно од Катар. Тоа, нормално, е во интерес на Израел, за да се намалат тензиите и незадоволството на сардисаните и прилично обесправени жители на Газа, каде условите за живот се исклучително тешки.

Поради ова, пишува Њујорк тајмс, некои Израелци прашуваат: зошто нивниот политички врв ризикувал нова војна и уште помали шанси некогаш да се склучи мир со Палестинците, а сѐ поради една, како што ја опишуваат израелските функционери, прилично рутинска разузнавачка операција во Газа? Аналитичарите сметаат дека одговорот е токму во тоа што мисијата била рутинска – никој не очекувал израелските командоси да бидат разоткриени, а не пак фатени – и на крајот едвај се извлекле со помош на хеликоптер, додека тенковите и авиони ги одбивале палестинските милитанти кои ги бркале.

„Правата претпоставка е дека операцијата нема да биде откриена. Тоа не е 100 отсто сигурно, но може да се процени дека 99 отсто од овие операции никогаш не се откриени, а 99 отсто е доволно добро за да се донесе одлука единицата да влезе, да ја изврши мисијата и да излезе без детекција“, коментира за Њујорк тајмс пензионираниот израелски генерал и поранешен советник за национална безбедност Гјора Ејланд. А високата штета на тој мал ризик се покажа веднаш.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе