Како се сменија војните од 1989 година

По завршувањето на Студената војна, светот се понадева дека ќе следува долг период на мир. Но излезе поинаку. Сега, 30 години по историскиот пад на Берлинскиот ѕид, кој ја смени рамнотежата на моќта, конфликтите се покомплексни од кога било во историјата, вели Дојче веле.

Во дваесеттиот век доминираа војните. Се проценува дека 80 милиони луѓе ги загубија животите во двете светски војни. Потоа дојде Студената војна - трката во вооружување меѓу САД и Русија. Во Европа и големи делови од светот две непријателски страни беа соочени една против друга. Во Азија, Блискиот Исток, Африка и Јужна Америка светските сили финансираа крвави посреднички војни.

Конечно, во 1989 мировните револуции ја урнаа Железната завеса. Студената војна беше прогласена за завршена. „Се надевавме дека по крајот на Студената војна ќе следува ера на мир“, вели Сара Брокмеер, експертка за мировни процеси на ООН во Светскиот институт за јавна политика во Берлин.

 

Дали денес има помалку војни од порано?

Сепак, оваа надеж брзо се покажа неоснована. Сè уште има многу конфликти низ целиот свет. Од средината на 2000-тите нивниот број повторно се зголеми. „Видовме повеќе конфликти, повеќе насилство и - особено од почетокот на војната во Сирија - повеќе загинати во војни“, вели Брокмеер.

Тоа главно се должи на внатредржавните конфликти во 1990-тите години, кои никој не ги ни насетуваше по падот на Берлинскиот ѕид, вели Брокмеер. Меѓу нив се југословенските војни, конфликтите во Сиера Леоне и Демократска Република Конго. Со војната во Мали од 2012 година или долгата војна во Сирија, која почна во 2011 година, овој тренд се чини дека продолжува.

Само во последните десет години, истражувачите од Одделот за мир и истражување конфликти на универзитетот Упсала изброиле 23 војни и 162 поситни конфликти со помалку од 100 мртви годишно.

Според Брокмеер, сме станале подобри во препознавањето на предупредувачките знаци за конфликтите. Сепак, често не можеме да ги спречиме. „Сè уште не научивме да реагираме политички навремено, пред да избувнат оружените насилни конфликти“.

 

Конфликтите стануваат сè посложени и меѓународни

Со сè поголемата глобализација, војните станаа посложени по падот на Берлинскиот ѕид. Освен моделот на билатерални конфликти со две спротивставени страни, честопати има вклучени други страни, на пример со испраќање војници или испорака на оружје, експертиза или со обука. До почетокот на 2000-тите, само две или три надворешни страни, во просек, учествувале во кој било конфликт. Во наредните години тој број се зголеми на четири до пет.

Главната причина за тоа се сложените конфликти на Блискиот Исток: во 2009 година 46 надворешни сили беа вклучени во борбата против талибанците во Авганистан. Тука се вклучени и земјите во меѓународните сојузи како што е НАТО, кое, во случајот со Авганистан ги водеше Меѓународните безбедносни сили за помош. Војната во Сирија денес е исто така сложена: Блумберг, на пример, во почетокот на октомври 2019 година изброи десет различни главни учесници во војната, чија мрежа на интереси постојано се менува.

 

Военото трошење се намалува низ целиот свет

Во 2017 година државите низ целиот свет вкупно инвестираа 1,8 милијарди евра во своите војски. Ова е околу два проценти од светскиот бруто национален приход, што беше рекордно ниско. И навистина, военото трошење во светот постојано се намалува во последните децении, заклучува Дојче веле.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе