Како милијардерите и политичарите ја уништуваат планетата, а од нас бараат да ја спасиме

Милијардерите и светските моќници не ја пропуштаат можноста да нагласат колку е важно да се свртиме кон зелениот начин на живот, односно кон еколошки прифатливо одлагање на отпадот, рециклажа, обновливи извори на енергија... Меѓутоа, колку и да им се „полни устите“ со приказната за намалување на емисијата на CO2 и за зелената енергија, тие самите не се откажуваат од фосилните горива и од возилата што ги користат како јахти. Напротив, самите се најголеми загадувачи. За 50 километри пат – исклучиво авион.

EPA-EFE

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, неколку дена откако светските политичари се собраа во Глазгов на климатскиот самит COP26, предизвика бес кај јавноста. Фон дер Лајен патувала со авион до дестинација оддалечена само 50 километри, иако оваа релација со автомобил можела да ја помине за само 40 минути.

Британскиот весник Телеграф откри дека претседателката на Европската комисија користела приватен авион за повеќе од половина официјални посети (18 од 34) од стапувањето на должност во декември 2019 година. Фон дер Лајен, наведува весникот, исто така користела приватни авиони за патувања меѓу други блиски дестинации како што се Париз и Лондон.

Иако комерцијалните летови се мошне штетни за животната средина, ефектот на летот на приватен авион е многу полош.

За само еден час еден приватен авион може да емитува две тони ЦO2, наведува водечката европска невладина организација што се залага за почист транспорт, а просечна личност што живее во Европска Унија емитува 8,2 тони ЦO2 еквивалент за време на цела година.

Како одговор на откритието, еден од портпаролите на Фон дер Лајен рече дека тие патувања „не се изводливи со комерцијални летови“ и додаде дека „воздушно такси се користи само тогаш кога тоа е неопходно за да се овозможи присуство на состаноците на различни места според мошне густ распоред“.

Безос и Гејтс

Претходно, милијардерите Џеф Безос и Бил Гејтс станаа цел на осуда зашто во моментот кога целиот свет, па и самите тие, повикуваат на борба против климатските промени, се излежуваа на своите прескапи јахти на бреговите на Турција и така директно ѝ штетеа на планетата.

Имено, Безос бил еден од гостите на прославата на 66-от роденден на Гејтс во турскиот град Бодрум. Роденденската прослава траела околу четири часа. На менито се најдоа плодови од морето, суши и пица, а се пиело шампањско, објави Бизнис инсајдер.

Според пресметките, тој со хеликоптерот вкупно пролетал нешто помалку од 200 километри, а млазното гориво што се користи за погон на хеликоптерот емитува девет килограми честички јаглен диоксид по согорен галон гориво. Научниците заклучија дека хеликоптерот на Безос за време на ова патување емитувал во атмосферата 97 килограми честички јаглен диоксид.

Притоа, и Гејтс и Безос често престојуваат на суперјахти, од кои секоја емитува 7.020 тони јаглен диоксид годишно, или 19 тони дневно.

Освен загадувањето, гнев кај јавноста предизвика и расфрлувањето со пари. Имено, Гејтс за ова роденденско патување изнајмил луксузна јахта со теретана, џакузи и базен по цена од 1,8 милиони евра неделно.

Еден отсто најбогати луѓе ѝ прават огромна штета на планетата“

Џим Ливингстон, шеф на Оксфарм, претстави истражување во кое недвосмислено е прикажано дека еден отсто најбогати луѓе ѝ прават огромна штета на планетата.

Имено, во истражувањето на оваа меѓународна организација што се бори против сиромаштијата се наведува дека карбонскиот отпечаток што го оставаат зад себе еден отсто најбогати луѓе на светот е 30 пати поголем од оној што е потребен глобалното затоплување да се одржува под 1,5 Целзиусови степени. Оваа група луѓе, помала од популацијата на Германија, ќе биде заслужна за 16 отсто вкупни емисии до 2030 година во однос на 13 отсто во 1990 и 15 отсто во 2015 година.

„Луксузниот стил на живот и постојаниот грабеж на планетата од најбогатите луѓе на светот нè водат кон сè поголема опасност“, рече Ливингстон, шеф на Оксфарм.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе